среда, 22. мај 2019. Вести денес: 4
home Хороскоп

Неделен хороскоп од 18 до 24 февруари: Чија љубов ќе биде кратка, а кој љубоморно ќе ја чува својата врска

Неделен хороскоп од 18 до 24 февруари: Чија љубов ќе биде кратка, а кој љубоморно ќе ја чува својата врска

Помина првата половина на февруари. Ни доаѓа новиот неделен хороскоп кој открива чија љубов ќе биде кратка, а кој љубоморно ќе ја чува својата врска.

Овен

На работа, чувствувате блокада бидејќи не сте доволно ангажирани онака како што би сакале. Веројатно среда и четврток ќе ви донесат повеќе обврски, но и подобра заработувачка. Ангажирајте се околу работите кои бараат длабока анализа и истрајност.

Во љубовта, имате доверба од партнерот но викендот носи студени емоции. Среда е одличен ден за слободните претставници на овој знак.

Чувајте го здравјето.

Бик

Имате чувство дека треба да работите дополнителна работа. Тоа ве вознемирува бидејќи ви дава драгоцено слободно време. Не сте секогаш расположени за другите и соработката со колегите, но тоа морате да го промените. Оваа недела, ќе имате поддршка од Близнаци, Рак и Риби.

На полето на љубовта, сѐ уште доминирате бидејќи владеењето на Венера ви носи можност да освоите кого и да посакате. Чувствителни сте и трпеливи и тоа е добро. Ако сте осамени, љубовта ќе ја најдете на потивки места.

Обрнете внимание на кичмата.

Близнаци

За родените во овој знак ова е одлична недела за нови идеи. Не е тајна дека Близнаците постојано бараат промени, а тоа и ги очекува оваа недела. Еден Лав ќе ви помогне околу вашата работа.

Сјаете на полето на љубовта. Ако сте во врска, сериозно размислувате за брак. Слободните Близнаци ќе се опуштат со добра музика.

Здравјето е добро.

Рак

Не сте задоволни со своите шефови. Емоционално ве мачат многу работи и ве иритира околината. Оние Ракови кои работат за себе, нема да имаат проблем оваа недела.

Слободните претставници на овој знак ќе сакаат да излегуваат со своите пријатели и нема да бидат заинтересирани за нова врска. Додека пак, Раковите кои се во врска или брак ќе уживаат во љубовта оваа недела.

Болки во грбот.

Лав

Работата носи големо оптоварување на полето на финансии. Можете да поминете многу лошо ако не сте премногу стручни во тоа што го правите. Всушност тука повеќе се работи за искуство. Ќе морате да ја издржите оваа недела.

Љубов

Добар период за слободните Лавови кои имаат можност да запознаат една Шкорпија. Лавовите кои се во врска или брак се задоволни на ова поле.

Обрнете внимание на болките во грбот.

Девица

Оваа недела ќе морате да побарате поддршка од колегите, особено оние кои се родени во водените знаци кои ви одговараат по сензибилитетот, бидејќи се интуитивни и можат да помогнат во вашиот напредок.

Потрудете се да заборавите на проблемите во љубовта. Оваа недела нема да сте доволно сконцентрирани за да можете да се носите со тоа.

Здравјето е добро.

Вага

Оваа недела ѕвездите не ви се наклонети. Се чувствувате безволно, како да не сте онаа Вага која ги подига сите околу себе. Тоа е аларм дека нешто морате да менувате. Потребна ви е промена.

На полето на љубовта, нема многу ситуации освен вашата огромна желба за излегување и дружење со пријателите.

Обрнете внимание на своето расположение.

Шкорпија

Првиот дел од неделата ви носи тешкотии на полето на финансиите. Имате соработници Јарец или Рак кои би можеле да ви помогнат во работата. Вториот дел од неделата носи поинаква динамика – преговори во однос на работата, вложувања, работен простор.

Ако не сте во врска, наскоро ќе се врзете за некој кој не е слободен.

Внимавајте на себе.

Стрелец

Чувствувате голема одговорност кон својата околинба на работа. Тоа ве оптоварува бидејќи постојано размислувате. Сепак, треба да мислите повеќе на себе и на своите задоволства. Исполнете ги своите планови.

Стрелците кои се во брак или врска немаат некоја особена размена на емоции. Како да си се доволно самите себеси.

Покачен шеќер во крвта.

Јарец

Потребна ви е алтернативна заработувачка. Морате да се организирате сами или да барате помош од една Водолија која сигурно ќе ви помогне.

На емотивно поле, би можеле повеќе да се посветите на врската со една Вага. Добро се познавате, а привлечноста е огромна. Јарците кои се во брак мораат да обрнат внимание на домот во кој живеат.

Здравјето е добро.

Водолија

Вашата вредност е огромна. Многумина ве понижуваат затоа што немаат иста сила како што имате вие. Соработката со луѓето родени во знакот Риби, Рак и Близнаци може да ви биде од огромна вредност. Внимавајте да не изиритирате некој соработник за да не дојде до рушење на соработката.

На полето на љубовта, имате сјајна врска која е се подобра од ден на ден.

Напнати сте.

Риби

Морате да продолжите со соработката со еден Бик кој ве поддржува во работата. Во тешка ситуација сте бидејќи морате да донесете важни одлуки, а таа личност може многу да ви помогне.

Ако сте слободни, препуштете се на емоциите и не се плашете од љубовта. Не го одложувајте излегувањето со една личност која отворено ви ги покажува своите емоции.

Можни се проблеми со тироидната жлезда.