недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 55
home Хороскоп

Не се заљубувајте во Шкорпиите, освен ако…

Не се заљубувајте во Шкорпиите, освен ако…

Не се заљубувајте во Шкорпиите ако не сте подготвени да сакате.

Не се заљубувајте во Шкорпиите. Тие ќе ве уништат на најдобриот можен начин. Ќе ви покажат дека никој не е  онаков како што изгледа и дека секој од нас во себе има различни личности, кои се покажуваат во различни ситуации.

Тие знаат да бидат центар на внимание или најинтровертната личност на една забава. Ќе ви покажат дека ништо не е така како што изгледа и дека првиот впечаток не е секогаш точен.

Не се заљубувајте во една Шкорпија бидејќи тие ќе ви пкоажат дека љубовта не е едноставна. Дека таа е составена од низа вистини. Дека ништо не е црно бело. Тие секогаш ќе бидат искрени и ќе ја бараат вистина од вас бидејќи знаат дека лагите ја уништуваат љубовта. Не се заљубувајте во нив, бидејќи тие ќе ве натераат да излезете од комфорна зона, ќе ви покажат колку веруваат во вас и ќе го видат потенцијалот во вас, кој често не можете да го видите и самите. Тие ќе бидат последните кои веруваат во вас, дури и кога целиот свет може да ви го заврти грбот.

Шкорпиите се еден од најлојалните знаци кои ќе ги запознаете. Тие ќе се борат за вас и секогаш ќе ве стават на прво место, но само ако покажете дека сте достојно за нивното време и внимание. Тие се еден од најселективните знаци во однос на тоа кому дозволуваат да влезе во нивниот живот. Ако ви го дозволат тоа, тие навистина ве обожаваат. Ако ви го дозволат тоа, ќе ве сакаат повеќе од било кој друг кој сте го запознале. Тие паметат сè за вас, дури и најмалите детали кои ќе одлучите да ги споделите со нив.

Не се заљубувајте во нив, бидејќи кога ќе одлучат да ве остават или вие ќе ги оставите, таквата љубов ќе ве прогонува. Тие ќе станат стандард со кој ќе не можете да ги споредите другите. Никогаш веќе нема да доживеете таква љубов.

Не се заљубувајте во нив, освен ако не сакате љубов која ќе ве тресне од земја и која нема да ја заборавите никогаш.

Коронавирус