петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Хороскоп

Најсреќните луѓе се родени на овој датум: Сè им оди добро, а еден датум е издвоен како „најлош“

Најсреќните луѓе се родени на овој датум: Сè им оди добро, а еден датум е издвоен како „најлош“

Интересно истражување спроведено во Велика Британија покажа дека луѓето родени во лето се најзадоволни. Поточно, 60 проценти од родените во јуни за време на истражувањето биле среќни поради нивниот роденден, како и 59 проценти од родените во јули и 53 проценти од родените во август.

Испитувајќи повеќе од 2.000 луѓе, научниците дошле до заклучок дека најсреќен датум на раѓање е 28 јули, а причините се многу едноставни – лето е и сосема е сигурно дека ќе биде топло и убаво на тој ден.

Од друга страна, родените во зимските месеци се најмалку задоволни, а најрасиплив е оној период пред католичкиот Божиќ, односно крајот на декември.

Исто како што беше издвоен „најсреќниот датум“ на раѓање, 16 декември беше наведен како „најмалку среќен“. И повторно, причините се едноставни – луѓето родени во втората половина на декември се најмалку задоволни, бидејќи студените и пократките денови допрва претстојат, а зимата е инаку подепресивен дел од годината.

Патем, друго интересно истражување покажа дека децата родени во јуни имаат најголеми шанси да завршат факултет, родените во август генерално заработуваат многу добро, додека родените во декември обично имаат пониски примања.

Коронавирус