сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 10
home Хороскоп

Најсреќните и најмоќните знаци во хороскопот

Најсреќните и најмоќните знаци во хороскопот

Иако има неколку моќни хороскопски знаци како што е упорниот Бик кој има неверојатни резерви на енергија, сепак посебно се истакнува Ракот кој спаѓа во најмоќните знаци, и тоа кога се во прашање неговиот дом и неговото семејство.

Девицата пак е трпелива и одмерена, а најмоќна е кога е во прашање нејзината прецизност.

Вагата е мила кога сака да добие нешто иако не отстапува ниту кога ја напаѓаат. Токму поради тоа што се држи до она што го замислила е силен хороскопски знак.

Моќта на стрелците е во тоа што можат сто пати да пропаднат, и секогаш ќе имаат сила да почнат од почеток. Стрелецот е всушност Феникс кој секогаш се крева од пепелта.

Иако многумина го сметаат Јарецот за најмоќен хороскопски знак, тоа не е баш така. Иако Јарецот е трпелив, добар дипломат и стратег тој пука по шавови кога се во прашање скриените емоции.

Моќта на Шкорпијата е во нејзината брзина на регенерација и страста со која му пристапува на животот. Шкорпијата е еден од најмоќните астролошки знаци.

Иако Шкорпијата е фантастична, особено на страствен и сексуален план, Лавот е најсреќен хороскопски знак. Тој се работи со стил но слаб е на ласкање. Не прифаќа просечни работи и само најдоброто според Лавот има вредност.

Коронавирус