четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 217
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Тетово

home Хороскоп

Најпосебните жени се раѓаат во овој хороскопски знак – Привлекуваат како магнет

Најпосебните жени се раѓаат во овој хороскопски знак – Привлекуваат како магнет

Најверојатно познавате одредени дами кои секогаш се издвојуваат од толпата и привлекуваат внимание каде и да се појават. Постојат големи шанси тие да се родени во знакот на Близнаци!

Овој хороскопски знак најчесто зрачи со некоја магнетна привлечност, енергија и храброст. Жените, родени во овој знак обично се исто така многу активни, сакаат големи друштва и најчесто се вистински екстроверти.

За себе, тие секогаш тврдат дека имаат многу пријатели, но она што тие нема да ви го кажат е дека истите луѓе брзо им здосадуваат, така што сакаат да ги менуваат нивните пријатели.

Жените – Близнаци сакаат да флертуваат и се одлични во тоа, но не дозволувајте да ве измамат – не е лесно да ги победите. Тие се самоуверени и се свесни за нивните вредности, а нивниот широк спектар на знаење и високи коефициент на интелигенција ретко оставаат некого рамнодушен.

Тие се најгласните во општеството, духовити се и многу хумористични, но истовремено никогаш не ги откриваат нивните тајни, така што нивниот приватен живот е вистинска мистерија.

Кога тие навистина ќе се вљубат, подготвени се целосно да му се предадат на човекот, а најчесто ги привлекуваат оние што се тотално спротивно од нив, односно тивки и срамежливи момци.

Патем, некои од познатите дами родени во овој хороскопски знак се Анџелина Џоли, Брук Шилдс, Никол Кидман, Кортни Кокс, Кајли Миног, Мерилин Монро и Натали Портман.

Парламентарни избори 2020