сабота, 30. мај 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Најлошите емотивни навики на хороскопските знаци: Овните се импулсивни, а Вагата е неодлучна!

Најлошите емотивни навики на хороскопските знаци: Овните се импулсивни, а Вагата е неодлучна!

Емоциите се составен дел од секоја врска, особено од љубовната. Но, додека некои луѓе умеат да ги изразат своите емоции на вистински начин, на други сè уште им недостасува ваквиот вид изразување. Постојат луѓе кои ги забораваат своите граници во врската и немаат емотивната интелигенција иако таа е потребна.

Секогаш е важно човек да има можност да биде свесен за својата емоционална состојба и да го разбере интензитетот на своите емоции.

Хороскопските знаци играат клучна улога во истакнувањето на токсичното емоционално однесување што нивниот партнер може да го има во една врска.

Овен

Овој хороскопски знак е многу импулсивен и колку и да се обидува да ја отстрани таа карактеристика кај себе, сепак не успева. Иако е силна личност, кога станува збор за проблемите и изнаоѓањето решенија во врската, тој се обидува да ги избегне во секое време.

Затоа, најдобро е да се ослободите од оваа навика и да разговарате за проблемите кога вашиот партнер ги воочува.

Бик
Бикот може да биде најбалансиран знак во хороскопот, но има голем проблем со самодовербата. Иако е многу практичен во животот, неговото однесување развива природна недоверба, а таа доведува до неуспех.

Поради ниската самодоверба не е спремен да ја продолжи врската затоа што претпоставува дека и онака таа ќе пропадне. Важно е да се ослободите од оваа негативност.

Близнаци

Овој знак е склон кон конфликти. Од една страна, тој е безгрижен, ангажиран и весел, додека од друга страна е проблематичен.

Тој има ненадејни промени во расположението и понекогаш му е тешко да се продолжи понатаму во животот. Тој е склон кон размислување за проблемите, па така тие стануваат уште поголеми.

Затоа е време да излезете од минатото и да размислете за подобра иднина.

Рак

Раковите се многу искрени. Иако нивната длабоко вкоренета емоционална грижа и емпатија може да бидат добри особини, тие имаат и негативни страни, а тоа е така поради несигурноста.

Ракот постојано се споредува со другите луѓе околу себе, што прави да се чувствува помалку вредно.

Крајно време е да ја сфати својата важност и да престане да се потпира на другите луѓе.

Лав

Тој има потреба од целото внимание и љубов од луѓето, но кога станува збор за возвраќање на истото кон другите, тој станува малку мрзлив. Кога се појавуваат проблеми, наместо да ги реши, тој размислува за нив и никогаш не продолжува понатаму.

Ќе мора да почнете да возвраќате на љубовта и наклонетоста на партнерот. Тоа е единствениот клуч за здрава врска.

Девица

Таа го сфаќа животот премногу сериозно, па никогаш не се чувствува дека е доволно добра. Девицата секогаш има грижа на совест што ја тера да се чувствува дека би можела да ги направи работите подобро и да постигне поголем успех.

Таа е самокритична во однос на својата работа. Мора да престане да се потценува себеси, во спротивно само ќе ја зголеми тензијата со партнерот.

Вага

Таа можеби има повеќе идеи, но никогаш не е одлучна за изборот кој треба да се направи во врската.

Здравиот однос напредува кога има баланс во донесувањето одлуки, но во вашата личност постои конфликт.

Шкорпија

Ова е многу неразумна личност. Иако многумина веруваат дека таа има безгрижна душа, таа всушност има тенденција да чувствува премногу емоции, кои не може да ги изрази. Ова доведува до пасивно-агресивно однесување.

Наместо да зборува за тоа или да изрази незадоволство, Шкорпијата претпочита да ги менува расположенија и со тоа да го збуни партнерот. Ова може да создаде голем јаз помеѓу односите.

Затоа е потребно да се каже проблемот и да се избегнат непотребните недоразбирања.

Стрелец

Тој ги сфаќа работите здраво за готово. Иако е многу чесен човек, понекогаш вистината го боли. Во некои ситуации е многу нетрпелив и се фокусира само на одредени нешта.

Му ветува на својот партнер нешто што не успева да го исполни, а со тоа може да предизвика непотребен конфликт. Тој е премногу сигурен и смета дека знае најдобро, па затоа често може да се расправа со партнерот.

Јарец

Има високи стандарди. Тој е перфекционист, секогаш вознемирен затоа што неговиот партнер не е таков. Тој сака дисциплина и контрола над сите околу него. Кога не ја пронаоѓа послушноста како особина во една личност, тој наоѓа друга, преправајќи се дека е личност без сочувство.

Водолија

Водолија е интелектуалец и многу ја сака својата независност. Ужива во осаменоста што понекогаш ѝ создава негативна енергија. Кога е лута или вознемирена, наместо да ги искаже своите негативни емоции, таа се изолира. Ова ја спречува да најде решение.

Секогаш е добар избор да ги решите вашите проблеми со партнерот, а не да се отуѓувате од него.

Риби

Рибите се многу љубезни личности, секогаш подготвени да им помогнат на луѓето. Но, понекогаш тие можат да се заборават во целиот процес.

Рибите треба да знаат дека е најважно да си помогнат самите себеси затоа што инаку ќе се почувствуваат неспособно.

 

извор: kafepauza.mk

Коронавирус