петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Хороскоп

На што размислува секој од хороскопските знаци кога не може да заспие?

На што размислува секој од хороскопските знаци кога не може да заспие?

Некои од нас долго време се бориме со несоница, некои се прашуваат дали е можеби поради темпераментот на хороскопскиот знак, но зошто одредени хороскопски знаци не можат навечер да заспијат? Како ли хороскопските знаци се справуваат со несоницата?

Овен

Овенот навечер не може да заспие бидејќи размислува на тоа какво мислење имаат другите за него. Дали некој нешто погрешно ги разбрал во текот на денот, дали некој го сфаќа сериозно? Овенот ќе размислува за туѓите мислења за него и како ќе се поправи. Така тој ќе остане буден и до 5 часот наутро.

Бик

Бикот ќе размислува се додека размислувањето не го излуди. Тој едноставно премногу размислува и затоа не може да заспие навечер. Премногу размислува без причина.

Близнаци

Близнаците спијат, и си спијат добро; меѓутоа, кога ќе ги нападне несоницата вообичаено се работи за некоја одлука која мораат да ја донесат, без разлика за каква станува збор. Кога близнаците ќе видат дека постои и друга страна на приказната, тоа за нив значи ноќ без сон.

Рак

Ракот секогаш има големи планови и размислува за иднината, со што е вклучена несоницата и им предизвикува голем стрес. Тие патат од стресот и од недостатокот на сон, тоа е очигледно бидејќи тие си легнуваат рано но заспиваат часови подоцна.

Лав

Лавот е опсесивен, па сонот за нив е мината работа. Веројатно прекрасно спиеле како деца, но како возрасни немаат време за спиење. Размислуваат како да владеат со светот и да добијат или пак како да се познати. Одземете му го времето на лавот и тој ќе лежи во кревет и ќе се прашува каде згрешил.

Девица

Во суштина, ништо не може да и даде на Девицата да заспие добро, бидејќи овој знак е преполн со грижа. Односно, тие се и навикнати да не спијат па така го совладале овој проблем. Девицата ќе оди на работа и после еден час спиеше и пак ќе успее без проблем. Девицата може да преживее и со најмалку сон, за разлика од другите знаци.

Вага

Несоницата им е секојдневен проблем на Вагите, бидејќи се под постојан стрес и се чувствуваат виновни за нешто. Со себе носат голема вина, па ако направиле нешто погрешно, несоницата ќе ги мачи.

Шкорпија

Кога Шкорпијата не може да заспие тоа е бидејќи планира нешто големо. Тоа би можело да биде поврзано со некоја освета или пак како да расипат некое пријателство. Можеби не можат да заспијат бидејќи претходниот ден не можеле некого да повредат. Што и да го држи буден, Шкорпијата ќе возврати следниот ден.

Стрелец

Стрелецот најмногу размислува за своите финансиски проблеми, повеќе од било кој друг знак. Тие се си ставаат на срце. Парите им се на памет па со тоа доаѓа и несоницата.

Јарец

Тоа што го прави Јарецот среќен е да е се во ред; Јарецот полудува кога постои неред. Кога не се работите средени или непредвидливи тогаш тој прави хаос. Ако домот не е чист, Јарецот не може да спие.

Водолија

Водолијата не спие бидејќи размислува на работи кои ги направил и за кои претпоставува дека ќе му се вратат. Тие спијат со едно око отворено, како да очекуваат нешто во секој момент. Мислат дека кармата ќе им чукне на врата па поради тоа несоницата ги погодува навечер.

Риби

Рибите не спијат бидејќи имаат поважни работи од сонот. Како на пример што? Па, размислуваат за која е најлошата личност која ја познаваат и слично. Рибите сакаат да се фокусираат на поединци, вообичаено размислуваат на членовите од семејството и кого може да го избришат од животот. Цела ноќ ќе ја поминат во омраза за таа „среќна“ личност.

Коронавирус