сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 125
home Хороскоп

На нив им е потребна љубовна врска: Хороскопски знаци кои не сакаат да бидат сами

На нив им е потребна љубовна врска: Хороскопски знаци кои не сакаат да бидат сами

За некои самотијата е најголем благослов, додека други ја сметаат за рецепт за несреќен живот. Овие три хороскопски знаци секогаш сакаат да бидат во љубовна врска.

Вага: Друштвените Ваги секогаш сакаат да бидат опкружени со луѓе. Кога се во врска, сакаат се да завршат побрзо за повеќе време да поминат со партнерот, бидејќи самотијата не е за нив.

Близнаци: Близнаците најтешко поднесуваат прекинувања. Тие секогаш мора да имаат некој со кој ќе имаат романтичен однос, инаку стануваат многу нервозни и негативни. Кога предолг период ќе бидат сами, тоа почнува да им влијае на останатите аспекти во нивниот живот, како кариерата и здравјето.

Водолија

Луѓето родени во знакот на Водолија се вистински парадокс. Тешко се врзуваат за една личност, но кога тоа еднаш ќе се случи, тие почнуваат партнерот да го сметаат како дел од себе и прекинувањето го поистоветуваат со крај на светот.

Најдобри сопруги според хороскопските знаци

Сите жени се добри и грижливи, но секогаш ќе постојат некои кои се издвојуваат од сите останати. Можете да погодите во кој хороскопски знак се родени? Дали сте една од нив или можеби сте во брак со една од најдобрите? Проверете:

Рак

Кога еднаш ќе ја освоите жената Рак, таа ќе ве сака безусловно до крајот на светот. Нејзините чувства се секогаш интензивни и затоа со неа ќе научите што значи кога покрај себе имаш вистинска жена.

Таа е подготвена да направи се за нејзиниот избраник да биде најсреќниот човек на светот. Покрај неа секогаш ќе живеете опкружени со вкусно јадење, удобност и внимателно уреден дом. Со ваква сопруга, сите мажи едвај ќе чекаат да се вратат дома по напорниот ден.

Децата за жените Ракови се свето нешто и нивните потребни се секогаш пред сопствените. Од вас само се очекува да ја мазите, пазите и да бидете искрени.

Лав

Лавицата е силна и упорна, жена со огромни способности. Сепак, и неа и е потребен партнер кој ќе биде тука за најбаналните проблеми, како на пример кога ќе и се заглави капачето од теглата. Таа бара маж еднаков на неа, па покрај неа никој нема да биде обичен човек, туку Супермен.

Само ако се заљубите во Лавица ќе разберете дека не мора да направи нешто за да ја сакате. Нема да сретнете жена која повеќе ќе ве сака. Дури и кога се лути, се лути најубаво што може. Но, кога бара нешто, тоа е заповед.

За своите деца ќе се бори како што доликува, баш како Лавица и секогаш ќе биде подготвена за одбрана. Тешко на оној кој ќе се обиде да им нанесе зло. Од вас само бара да ја обожавате со цело срце и тело.

Локални избори 2021