среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 17
home Хороскоп

На Лавот му цветаат рози во љубовта, Раковите ќе имаат успешен работен ден, дневен хороскоп

На Лавот му цветаат рози во љубовта, Раковите ќе имаат успешен работен ден, дневен хороскоп

ОВЕН

Работa: Следниот период ќе ви биде напнат. Ве очекуваат доста обврски и работа.

Љубов: Не сте сосема искрени кон личноста која ви значи и повремено чувствувате некоја доза на грижа на совест.

Здравје: Инфекција на дишните патишта е можна.

БИК

Работа: Ако ве мачи некој проблем од минатото, сега е време да превземете одговорност и да се соочите со него.

Љубов: На вашиот партнер некои работи не му се јасни во комуникацијата со вас, и потребно е да бидете поотворени.

Здравје: Проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ве очекува поволен ден за работа. Ќе успеете да ги остварите сите планови кои ги имате. Немате причина за загриженост.

Љубов: Можно е да се заинтересирате за личност која се појавува во ваше опкружување.

Здравје: Одлично.

РАК

Работа: Денешниот ден ви е добар, работите течат онака како што сте планирале и генерално сте задоволни.

Љубов: Моментално љубовта ви е важен дел од вашиот живот, и трудете се максимално да го задоволите својот партнер.

Здравје: Чувствителни очи.

ЛАВ

Работа: Успешни сте и зрачите со позитивна енергија. Работното опкружување ве цени и почитува.

Љубов: Посветени сте на вашиот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Можно е да размислувате за брак.

Здравје: Ќе ви боди релаксација.

ДЕВИЦА

Работа: Внимателно прегледајте ја новата работна понуда која ви доаѓа, затоа што тоа би можело да биде меч со две острици.

Љубов: Партнерот ви делува без доверба и вие во него немате претерана доверба. Можни се нестабилности.

Здравје: Малаксаност и умор.

ВАГА

Работа: Ќе имате среќа на полето работа. Наскоро ќе ви се отвори можност да напредувате.

Љубов: И вие и вашиот партнер сте дошле до исти заклучоци и мислења. Ставовите по прашањето за заедничко живеење ви се поклопуваат.

Здравје: Проблеми со варење на храната.

ШКОРПИЈА

Работа: Можно е денеска да сте напнати и на работното поле нема да биде онака како што сте очекувале.

Љубов: Ситуацијата на љубовното поле ви е променлива, и доста работи ве кочат кон остварувањето на желбите.

Здравје: Внимавајте на алергии.

СТРЕЛЕЦ

Работа: За да успеете да ги остварите сите планови кои ги имате по прашањето работа, ќе ви биде потребна нечија помош.

Љубов: Можно е да имате некои љубовни пресврти и турбуленции тогаш кога најмалку очекувате.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.

ЈАРЕЦ

Работа: Сите околности на полето работа може да ви одат во прилог. Ве очекува поволен период.

Љубов: Ќе добиете нов додворувач кој ќе покаже дека е подготвен да биде упорен за да го привлече вниманието.

Здравје: Проблеми со главоболка.

ВОДОЛИЈА

Работа: Очекувајте поволен ден за нови работни случувања. Пред вас се важни состаноци.

Љубов: Можно е и понатаму да ви е тешко да се ослободите од влијанијата на минатото и да заборавите на поранешната љубов.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

РИБИ

Работа: Поработете на концентрацијата за да не правите големи грешки на работното поле во следниот период.

Љубов: Ве очекува фаза со мали пречки, проблеми со саканата личност.

Здравје: Можни болки во грлото.

 

извор: tv21