петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Хороскоп

Младата месечина во Лав настапи вчера и носи убава енергија: Еве што вè очекува

Младата месечина во Лав настапи вчера и носи убава енергија: Еве што вè очекува

Младата месечина настапи вчера. Таа е поврзана со забавата и возбудата и ќе има влијание на сите хороскопски знаци, но Лавовите и Водолиите најмногу ќе го почувствуваат нејзиното влијание.

Таа ќе ги натера хороскопските знаци да излезат, да се забавуваат, да го слават животот. Ќе ги каните пријателите на излегувања и ќе си испланирате убав викенд. Исто така, ќе почнете и подиректно да се изразувате и воопшто нема да имате проблем во однос на тоа.

Оваа полна месечина ќе направи да посакате да се чувствувате како кралеви, па затоа немојте да бидете изненадени од себеси оваа недела. Уживајте во се што сакате да направите и постигнете. Го заслужувате тоа.

Со оглед на тоа дека и Венера е во Лав, можно е да бидете почувствителни, па затоа не претерувајте во барањата до другите. Сфатете дека што и да е, ќе помине.

Младата месечина во Лав носи и длабоко размислување. Можеби ќе сфатите дека личноста со која сте во врска не ви одговара, или пак дека работата не ве прави среќни. Конечно ќе ја направите промената за која понекогаш размислувавте во текот на годината.Можеби и ќе почнете да го планирате патувањето кое одамна сакавте да го направите.

Што и да се случи, овој период носи убава енергија.

Коронавирус