понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 98
home Хороскоп

Млада Месечина во Овен: Што им носи на хороскопските знаци?

Млада Месечина во Овен: Што им носи на хороскопските знаци?

Младата Месечина настапува на 11 април.

Овој планетарен аспект нè тера да преземеме сè што е потребно за да ги исполниме своите цели и соништа, а за некои хороскопски знаци можна е и конкуренција со другите.

Ова е хороскопот за сите хороскопски знаци за време на младата Месечина.

Овен

Време е да се насочите во вашата кариера, а сега многу повеќе од претходно. Можете да се справите и со конкуренцијата, но пред да го направите тоа, откријте што е тоа што ви е важно за да постигнете успех.

Бик

Вашите визии се исполнуваат за време на владеењето на младата Месечина. Запишете го она што ви е важно, а скриено во потсвеста и пробајте да ја манифестирате среќата. Тоа може да ви помогне да ги исполните најскриените желби на едно реално, вистинско ниво.

Близнаци

Поставувањето граници со пријателите е поважно од било кога, особено бидејќи гледате како некои од нив ја искористуваат вашата добрина. Штом ги покажете своите граници, толку полесно ќе ви биде да изградите здрави меѓучовечки односи и да продолжите напред на подобар начин.

Рак

За вас доаѓа нова можност на работното место, дозволувајќи ви да ги исполните своите професионални цели. Можно е унапредување за некои Ракови, но пред да го прифатите тоа, размислете дали е најдоброто место за вас. Не се приврзувајте за нешто премногу брзо.

Лав

Не ви е тешко да го отворите умот, но тешко ви е да функционирате со луѓето кои не успеваат да го постигнат тоа. Пред да влезете во конфликт со другите, ислушајте ги и немојте да им судите. Не морате да се согласувате со нив, доволно е да видите што имаат да кажат.

Девица

На полето на работата, почнувате да ја оставате настрана тимската работа и почнувате да работите сами. Можно е да сте фокусирани на психолошкиот аспект и анализа на себеси обидувајќи се да впиете знаење и да сфатите што е најважно за вас за месеците кои се пред вас.

Вага

Љубовта ги зголемува вашите страсти, дозволувајќи ви полесно да се изразите со саканата личност или пак личноста која ви се допаѓа. Она што е важно е да видите дали тие се на иста фреквенција со вас, пред да го отворите целосно своето срце и да почнете да планирате за иднината.

Шкорпија

Се менуваат вашите навики. Не се многу, но тоа е доволно за вас бидејќи сте личност која често е сигурна во своите навики и начини на функционирање. Сакате да додадете малку авантура во животот, а оваа млада Месечина ви ја носи можноста за тоа.

Стрелец

За време на оваа млада Месечина, важно ви е да се поврзете со детето или младата личност во вас и да почувствувате една поубава енергија. Ова е време да го оставите минатото зад себе и да ги остварите соништата кои ги имате веќе некое време.

Јарец

Вашите верувања и ставови се менуваат и станувате посвесни за тоа што е важно во животот и како некои ситуации влијаат на вас. Добрата вест е дека сте подготвени за трансформација и се движите кон една поинаква, поголема верзија на себеси. Време е за раст и успеси.

Водолија

Постојат битки кои сакате да ги победите, а тие се поврзани со контролата. Вистината е дека не можете да им помогнете на сите луѓе околу вас за време на пандемијата, ако ги занемарувате сопствените проблеми. Не дозволувајте да се внесувате во нечија туѓа драма, без да се фокусирате прво на тоа што ве мачи вас, самите.

Риби

Ова е период кога ќе се фокусирате на финансиите. Не мора да ги менувате своите навики, но добро би било да направите анализа во однос на тоа што ви е потребно во натамошниот период и да направите план за штедење.

Коронавирус