понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 101
home Хороскоп

Мажите родени во овие хороскопски знаци важат за тврдокорни ергени

Мажите родени во овие хороскопски знаци важат за тврдокорни ергени

Некои луѓе едноставно не можат да си замислат да го минат животот со една личност, односно тешко го прифаќаат моногамниот стил на живеење. Тие едноставно сакаат авантури, слобода, запознавање на нови луѓе и патувања.

Според астрологијата, токму мажите родени во овие три хороскопски знаци важат за тврдокорни ергени.

Близнаци

Мажите родени во знакот на Близнаци брзо се заситуваат од сè, па дури и од врските. Желни се за авантури и откривање нови работи, па навистина им е тешко да се скрасат со една жена до крајот на животот. Нив единствено може да ги скроти партнерка која ќе ги стимулира интелектуално.

Интелигенцијата за нив е најпривлечна особина.

Јарец

Јарците тешко го прифаќаат моногамниот стил на живеење и сметаат дека отворените врски се поприродни. Тоа јасно им го кажуваат на партнерките и на потенцијалните партнерки од кои не очекуваат да живеат во моногамија. Неверството за нив не постои, но за предавство го сметаат емотивното неверство.

Водолија

И за Водолиите моногамијата е нешто неприродно и напорно, тие се родени авантуристи кои живеат за забави, патувања, нови познанства. Да го минат животот со една личност е незамисливо за нив и подраги им се кратките и интензивни познанства.

Токму затоа мажите од овој знак најчесто остануваат неженети.

Коронавирус