среда, 14. април 2021. Вести денес: 173
home Хороскоп

Мажите родени во овие хороскопски знаци се најдобрите љубовници

Мажите родени во овие хороскопски знаци се најдобрите љубовници

Доколку треба да им веруваме на астролозите, хороскопските знаци одредуваат многу во животот, па така и какви сте во кревет.

Креативни, предадени на партнерката, а во овие четири хороскопски знаци се раѓаат најдобрите љубовници.

1. Вага

Мажите родени во знакот на Вага се снаоѓаат на сите подрачја, барем што се однесува до сексот – од најнежно водење на љубов, до исполнување на најлудите фантазии на својата партнерка.

Нив многу им е важно двајцата да уживаат, па поради тоа неретко се посветуваат на задоволството на својата партнерка, дури и повеќе отколку на своето. Вагите по природа се креативни, а таа креативност ја негуваат и во спалната соба, па со нив секогаш може да очекувате нешто ново и возбудливо.

2. Лав

Лавовите своите партнерки ги третираат како кралици и се концентрираат на нивното задоволство. Нив им значи да ја воодушеват жената во кревет и таа нетрпеливо да ја очекува нивната следна средба. Сакаат да бидат најдобри во сè што прават, а сексот се наоѓа на високо место на нивната листа на приоритети. Ретко ќе наидете на маж роден во знакот на Лав кој што е лош во кревет.

3. Шкорпија

Шкорпиите се најстрасниот хороскопски знак, како и во животот така и во кревет. Тие сакаат посветеност, па тоа го прават и со своите партнери. Имаат моќно либидо и никогаш нема да ја пропуштат шансата за секс.

4. Бик

Биковите се нежни љубовници, а по сексот никогаш нема да го прескокнат галењето. Не сакаат врска за една ноќ, туку тежнеат кон партнерство и стабилност во љубовните врски. Во сексот со партнерката ќе поделат сè: телото, срцето и душата, а наместо да се концентрираат на своето задоволство, секогаш ќе ги слушаат нејзините желби и ќе ги исполнат најдобро што можат.

Коронавирус