недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Хороскоп

Мажите родени во овие хороскопски знаци се мајстори за флерт

Мажите родени во овие хороскопски знаци се мајстори за флерт

Астролозите тврдат дека на способноста за флерт делува и хороскопскиот знак, а во овие знаци се раѓаат највештите заводници.

Овен

Овните сакаат да бидат мачо мажи на сите животни полиња, па така и на љубовен план. Освојуваат со класичен, страствен пристап, директно и без заобиколувања.

Лав

Лавовите во принцип се нарциси, полни се со самодоверба и не го кријат тоа.  Исто како и овнот, без многу заобиколувања ќе го освојат женското срце. Ако треба, ќе се трудат со недели, а со упорноста и стилот ќе успеат да освојат. Овие мажи посветуваат внимание, но сакаат да бидат обожавани.

Вага

Мажот Вага ќе ве освои со стил, шарм и раскош. Вагите уживаат во интимните односи со својот партнер и бараат да им се посвети во потполност. Овие мажи себеси се сметаат за големи љубовници, а потребна им е жена којашто ќе ги следи во сè.

Шкорпија

Шкорпиите за миг ќе го освојат вашето срце и тело. Секој разговор за интимноста нема да им биде пријатен бидејќи се нежни и ранливи. Но, сексот ќе биде повеќе од фантастичен.

Стрелец

Кога ќе се допаднете на некој Стрелец, тој ќе направи сè за да ве освои. Ќе ви даде до знаење дека сте единствената жена којашто ја сака. Колку и да се искрени и одлучни, сепак понекогаш се безобразни, па, бидете внимателни со нив.