четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 46
home Хороскоп

Мажите родени во овие хороскопски знаци ќе ве третираат како кралица

Мажите родени во овие хороскопски знаци ќе ве третираат како кралица

Ова дефинитивно се мажите кои ги сакате во вашиот живот. Да, можеби ви звучи лудо, но постојат мажи кои навистина убаво ќе се однесуваат со вас, баш онака како заслужувате, како да сте кралица.

Ако ги пронајдете тие мажи, не ги пуштајте. Ова е листа на хороскопски знаци кои ги имаат тие прекрасни карактеристики. Иако не можеме да очекуваме кралски третман од сите, не можете да го занемарите фактот дека убаво е понекогаш да се чувствувате како принцеза и кралица.

Некои хороскопски знаци се многу посветени на своите партнери, додека други знаци не чувствуваат потреба да го издигнуваат својот партнер за да ја изразат својата љубов. Можеби навистина им значите, но нема да ви ја исполнуваат секоја желба.

Погледнете ја листата за да дознаете кои мажи ќе ве третираат како кралица, а кои нема да го прават тоа.

Рак

Ракот сака да го разгалува својот партнер и ќе му даде сѐ што ќе посака. Ракот е зависен од топлите насмевки и бакнежите кои ќе ги добие за возврат. Без оглед на тоа што сакате, Ракот ќе се потруди да ја исполни секоја ваша желба.

Јарец

Јарецот делува студено, но всушност е многу мек. Јарецот ќе ви го дарува сиот раскош кој го заслужувате во животот. Тоа е негов начин на покажување лојалност и приврзаност.

Лав

Лавот ужива во вниманието и галењето, па затоа бидете сигурни дека така ќе се однесува и кон партнерката. Очекувајте многу подароци и отмени вечери. Лавот знае што да направи за неговата принцеза да биде најсреќна на свет. Ќе се однесува кон вас толку добро што вие ќе станете центарот на светот.

Бик

Бикот сака да ѝ удоволува на својата партнерка, но неговиот стил е малку поинаков. Наместо скапи подароци и масажи, тој ќе ја покаже својата љубов преку поддршка, грижа и одговорност. Со Бикот секогаш ќе се чувствувате сакано.

Риби

Рибите ќе направат сѐ за нивната партнерка да се чувствува посебно. Тие не се скржави кога е романтика во прашање. Со бајковитите визии очекувајте многу букети, отмени вечери и изненадни патувања. Без оглед на тоа колку е зафатен, мажот Риби секогаш ќе биде покрај вас, многу е внимателен и на секој можен начин ќе ви покаже колку сте му важни.

Девица

Мажот роден во овој знак не прави нешто посебно да ви покаже дека му значите, но нивните суптилни гестови и промисленост кажуваат сѐ. Вие сте неговата принцеза и тоа можете да го забележите преку начинот на кој ви ја отвора вратата или ви праќа слатки пораки.

Шкорпија

Мажите родени во овој знак се интензивни и многу страствени. Иако би можеле да бидете нивна кралица, најдобро е да не очекувате многу удоволувања од нив. Тие не се наклонети кон романтични гестови, но затоа во креветот ќе ве обожаваат како да сте божица. Сето негово внимание и пофалби ќе излезат на површина за време на интимните моменти и тогаш навистина ќе дознаете колку му значите. Во други случаеви ќе ве сметаат за рамноправни.

Вага

Сите знаеме дека Вагата сака да ги задоволи другите луѓе. Но, тој нема цело време да ви удоволува само затоа што вие го сакате тоа. Убаво ќе се однесува со вас, со љубов и почит, но нема да ве стави на пиедестал.

Водолија

За Водолиите, вистинската љубов и длабоката поврзаност е многу важна. Нему подароците му се површна работа. Тој сака и двајцата да вложите еднаков труд во врската и сака да бидете со него поради она што е, а не поради подароците.

Стрелец

Стрелецот е авантурист и сака да се забавува. Повремено сака слатки подароци и излегувања. Сака да има силна и убава врска и не сака да се чувствува како да е ваша дадилка.

Близнаци

Од Близнаците не треба да очекувате кралски третман. Ќе ве држи за рака и ќе ве сака, но нема шанси цело време да ви удоволува. Тој мисли дека тие работи се досадни и посебните изненадувања ги чува за посебни прилики.

Овен

Овенот сака романтичен и рамноправен однос. Тој мисли дека одвреме-навреме е потребно повремено дарување, но пречесто давање подароци го смета за прематеријалистички потег.