четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 176
home Хороскоп

Марс во Близнаци до 16 мај: Се враќа мотивацијата и желбата за промени

Марс во Близнаци до 16 мај: Се враќа мотивацијата и желбата за промени

Марс е во Близнаци до 16 мај. Во нас се враќа мотивацијата и желбата за промени, но за некои работи треба да бидеме навистина внимателни.

По престојот во бавниот и фиксен Бик, Марс преминува во Близнаци каде што дава нова и свежа енергија. Тој е како пролетта која ни пристигна. Излегуваме од состојба на летаргија, во нас се буди авантуристичкиот дух и желбата за промени.

Марс ја претставува нашата примарна мотивација, нашата волја и желба за акција.

Сепак, треба да бидеме внимателни до 17 април, што може да значи дека имаме мотивација и енергија, но немаме конкретна цел и проект на кој би можеле да се фокусираме. Можеби ќе се чувствуваме како изгубени во магла.

По 17 април, ќе ги искористиме сите можности, бидејќи ќе ги имаме вистинските идеи и мотивација. Оваа комбинација носи експлозија на страст и желба за успех.

Исто така, треба да бидете внимателни во сообраќајот. На полето на здравјето, чувајте се од повреда на екстремитетите и респираторните инфекции.

Коронавирус