сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хороскоп

Луѓето родени во овие 3 хороскопски знаци се најчесто разведуваат

Луѓето родени во овие 3 хороскопски знаци се најчесто разведуваат

Никој не стапува во брак со намера да се разведе, но многу бракови за жал завршуваат токму вака. Ако сте родени во еден од следните хороскопски знаци, внимателно размислете пред да донесете ваква одлука.

Бидејќи според астролозите, токму следните знаци имаат најголеми шанси да се разведат:

1. Близнаци

Превртливите Близнаци еден ден сакаат едно нешто, а другиот ден, нешто сосема различно, па затоа се со причина ставени на оваа листа, бидејќи никогаш не знаете што да очекувате од нив. Исто така, тие имаат тенденција да ги идеализираат своите партнери поради што лесно се разочаруваат кога ќе сфатат дека истите не се толку совршени како што тие создале слика за нив во нивната глава.

2. Водолија

Водолиите ја сакаат својата независност и се чувствуваат најдобро кога се сами, затоа се сметаат за најосамениот хороскопски знак. Ако се чувствуваат задржани во врска или брак, големи се шансите тие да раскинат или да побараат развод затоа што нивната слобода доаѓа во прв план.

3. Јарец

За разлика од Близнаците и Водолиите, Јарците обично не се оние што бараат развод, туку најчесто ги бараат нивните сопружници. Односно, луѓето родени во овој знак се обидуваат да ги импресионираат своите партнери сè додека не го добијат она што го сакаат, во што обично спаѓа и бракот и тогаш истите престануваат да се трудат целосно.

ЕУРО 2020

Македонија