среда, 23. јануари 2019. Вести денес: 128
home Хороскоп

Љубовта меѓу овие хороскопски знаци секогаш победува

Љубовта меѓу овие хороскопски знаци секогаш победува

Велат љубовта бара напор, посветеност и компромис, но постојат љубовни комбинации кои се судбински.

Девица – Водолија

Во оваа комбинација, Водолијата е таа која прва им паѓа во око на Девиците. Тие смислуваат тактики како да и го привлечат вниманието, бидејќи кај педантните Девици се е во планирањето и сметките. Од сите оружја со кои располагаат, Вагите најлесно паѓаат на хуморот на Девиците.

Оваа љубовна комбинација е прилично необична, бидејќи станува збор за личности кои се различни по своите гледишта на светот, но хемијата постои меѓу нив  и таа никогаш не изумира. Потребно им е повеќе време за да се запознаат подобро и да почнат да функционираат како што треба, бидејќи Водолиите се бестрашни додека пак Девиците се тие кои постојано размислуваат за ризикот.

Водолиите ја толерираат зависноста на Девиците кон работата, така што Девиците се чувствуваат горди и среќни со тоа што го прават. Овие два знаци се во состојба да не бидат во контакт со години, а потоа да се вратат еден на друг поради силната љубов, како  да не поминале години.

Стрелец – Риби

Ова е уште еден спој кој на прв поглед изгледа неспоив. Стрелците се вистински освојувачи, додека пак Рибите се романтичари кои сакаат да бидат посакувани. Рибите посакуваат врска од бајките, додека тие се повлечени, Стрелците се трудат да ги освојат со сите средства кои ги имаат на располагање.

Стрелците се страствени личности на кои им е потребно време да дознаат што вистински чувствуваат, а Рибите се таинствени и затоа можат лесно да ги привлечат Стрелците. Тие во нив гледаат и личност на која можат да се потпрат, но и некој кој би можел да ги води низ животот.

Тие често раскинуваат и нивните прекини се бурни, но секогаш се враќаат и не можат еден без друг. Дури и кога се во контакт, тоа ним им штети многу повеќе одошто кога се раздвоени, но само кога овие знаци не се познаваат добро.

Лав – Вага

Овој знак е карактеристичен по тоа што нив прво ги врзува длабоко пријателство кое е многу моќно. Лавовите се големи освојувачи кои сметаат дека не постои личност која не можат да ја освојат додека пак, Вагите сакаат да се освојувани од некој со такво его и силен карактер.

Лавовите се поставуваат заштитнички а потребно ќе им биде и повеќе време да го освојат срцето на Вагите и често сметаат дека е крај, а за Вагите играта само што почнала. Во врска, Лавовите се експлозивни додека пак Вагите често се гласот на разумот.

Често, Лавовите се тие кои ја спасуваат врската, но Вагите се оние кои ја држат на права линија и ја прават реална. Во нивниот однос секогаш има турбуленции, но тие се една од најмоќните љубовни комбинации.