вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 94
home Хороскоп

Љубовно познанство за Јарците, Рибите нервозни- што носи денешниот ден за хороскопските знаци?

Љубовно познанство за Јарците, Рибите нервозни- што носи денешниот ден за хороскопските знаци?

ОВЕН

Работа: Би сакале да направите некои позитивни работи на ова поле, но свесни сте дека тоа не може да го сторите сами.

Љубов: Тежите кон тоа со саканата личност да решите некои проблеми и да живеете во склад.

Здравје: Чувствителни бубрези.

БИК

Работа: Не се откажувате од амбициите кои ги имате, но во моментов време е да прифатите дека нема да оди се по зацртаниот редослед.

Љубов: Не ве очекуваат поголеми промени на полето љубов денеска.

Здравје: Чувствителни желудник и стомак.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Може да очекувате дека ќе имате некои несогласувања во текот на работните преговори или важните разговори.

Љубов: Пред вас е шанса да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Имате прилика да и покажете наклонетост.

Здравје: Одморајте.

РАК

Работа: Може да сметате дека на полето работа ќе ги остварите своите планови. Промените на кои сте се надевале стапуваат на сцена.

Љубов: Можно е на ова поле да најдете она што сакате.

Здравје: Добро.

ЛАВ

Работа: Потрудете се да се контролирате себе си и својата суета. Емоциите немаат врска со работното опкружување.

Љубов: Размислувате на кој начин да дојдете до помрднување на комуникациите со личност од минатото.

Здравје: Водете сметка околу внесувањето на течности.

ДЕВИЦА

Работа: Ве очекува фаза која нема да биде поволна, некои потешкотии се пред вас.

Љубов: Ве очекува шанса за почеток на однос со личност во која сте потајно вљубени веќе некое време.

Здравје: Можен пад на имунитетот.

ВАГА

Работа: Размислувате за промена на работата, иако и понатаму не ви се укажува идеална шанса за тоа.

Љубов: Вие се допаѓа особа која покажува дека не е заинтересирана, па и вие се држите да дистанца.

Здравје: Хронични тегоби.

ШКОРПИЈА

Работа: Очекувајте многу позитивна атмосфера во работното опкружување. Ги остварувате своите планови.

Љубов: Полека се разделувате од личноста која ви значи и не ви е лесно да ја поднесете дистанцата.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Сте решиле да превземете голем дел од работата на себе за ситуацијата да се помрдне од точка на која стои веќе долго време.

Љубов: Пред вас е поволен период ако планирате брак со личноста која ја сакате.

Здравје: Проблеми со вените.

ЈАРЕЦ

Работа: Време е да се посветите на работата како и создавање на подобар однос со соработниците ако планирате нешто да постигнете.

Љубов: Ако сте слободни, ве очекува ново љубовно познанство.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

ВОДОЛИЈА

Работа: Размислувате околу тоа да воведете некои иновации во работата која ја работите. Подготвени сте да се посветите на нови проекти.

Љубов: Можно е да не сте ги добиле емоциите кои ви биле потребни, и вашата врска се ближи кон крајот.

Здравје: Чувствителни стопала.

РИБИ

Работа: Немате доволно концентрација на работа, и денеска некои основни обврски тешко ви паѓаат.

Љубов: Можно е да сте дошле до важни одлуки. Сега е моментот во кој врската ќе напредува.

Здравје: Проблеми со нервозата.