недела, 20. септември 2020. Вести денес: 82
home Хороскоп

Љубовен хороскоп за мај 2018-та: Биковите во потрага по сродна душа, љубовните тајни на Скорпиите ќе се откријат, ракот нека внимава

Љубовен хороскоп за мај 2018-та: Биковите во потрага по сродна душа, љубовните тајни на Скорпиите ќе се откријат, ракот нека внимава

Дали во месец мај може да очекувате краткотрајни авантури, тајни средби или конечно запознавање на личноста која ќе остане и во добро и во зло?

Откријте што ви носи мај:

Овен

Ако сте во врска:

Избегнувајте да се користите со ситни лаги и измами, неискреноста може да ве чини губење на довербата засекогаш. Внимателно што и како му кажувате на партнерот. Ќе биде неопходно да му ги објасните причините за вашите конкретни потези во овој период.

По 19-ти мај ќе имате шанса да го разубавите вашиот заеднички живот и да внесете емотивна свежина во врската. Тоа позитивно ќе влијае на вашето расположение. Единствено важно во овој период е да ги усогласите работните и домашните обврски со времето кое го поминувате во пар.

Ако сте слободни:

Во првата декада од мај ќе се заљубите во личност која не е слободна, но имате тајни емоции веќе подолго време. На дискретен начин ќе започнете тајна врска, која ќе продолжи и во втората декада од месецот. Кон крајот на мај тоа ќе прерасне во страсна романса која нема да сакате да ја криете.

Ќе ве привлекуваат атрактивни личности склони на авантури, па дури и да не сакате и да не сте планирале на почетокот да се заљубите, тоа ќе се случи.

Бик

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот може да ви донесе несогласувања и разминување во размислувањата со саканата личност. Главно, ќе се објаснувате заради вложувањето на заедничките финансии. Бидете подготвени на компромис, бидејќи тврдоглавоста само ќе ве воведе во поголема и покомплицирана криза.

Во втората половина од месецот може да испланирате кратко патување кое ќе ве релаксира од тензиите. Важно е да ја подобрите комуникацијата и да не криете клучни детали. До 23-ти мај ќе успеете да ја вратите хармонијата.

Ако сте слободни:

Ќе бидете занесени со идејата да ја пронајдете сродната душа со која ќе си ги реализирате соништата. Некој кој одамна го знаете ќе ви се чини како идеален партнер, па може да развиете платонска љубов.

Од средината на мај ќе се обидете да се зближите и симпатиите да ги претворите во врска. Дури кон крајот на мај обидите ќе се исплатат. Доколку наидете на краткотрајни компликации, важно е да не се откажете.

Близнаци

Ако сте во врска:

Почетокот на мај ќе ви донесе несогласувања со партнерот, кои очајно ќе се обидете да ги игнорирате и прикриете. Но, со оглед на тајните кои ќе ги премолчувате, потребно е големо трпение за да не ја растурите хармонијата.

Во втората половина од месецот поработете на комуникација и јасно насочете го партнерот кон плановите за иднината. Потребно ќе биде да дадете повеќе внимание од вообичаено и да не ги запоставувате туѓите потреби. Поминувајте повеќе време заедно, надвор од дома.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе добиете огромно внимание од личност со која имате заеднички пријатели. Постојано ќе биде во ваша близина и ќе иницира контакт, а скокотливите прашања ќе ве воведат во интересна авантура која ќе се случи околу 25-ти мај.

За кратко време ќе се соочите со емотивен хаос кој ќе ви ги зацврсти емоциите кон новата личност. Крајот на месецот ви носи неочекувано заљубување.

Рак

Ако сте во врска:

Мај ќе ви започне со добро расположение и пријатни љубовни емоции. Пружете му на партнерот безрезервна поддршка и гледајте како врската станува постабилна и се движи чекор поблиску до заедничката иднина. Средината на мај ќе биде одличен период да ги остварите заедничките цели без многу напори и главоболки.

Внимавајте на малите знаци на внимание. Почесто планирајте активности надвор од дома. Во спротивно, крајот на мај ќе ви донесе заладување на односите, а причина ќе бидат деловните обврски кон кои сте попосветени, отколку на партнерот.

Ако сте слободни:

Овој месец ќе чувствувате зголемена потреба за романтика, вечери со тивка музика и активности под отворено небо. Проблем ќе биде тоа што ќе се помачите додека најдете личност со која може да го правите тоа.

Во втората половина од мај ќе запознаете интересна личност во знакот на Бик која пријатно ќе ве изненади со истиот начин на мислење и функционирање. Нема да ви треба долго пред да се заљубите.

Лав

Ако сте во врска:

Во првата половина од мај ќе имате складна комуникација со партнерот и ќе размислувате на заеднички планови и цели. Бидете подготвени да ја промените секојдневната динамика во име на хармонијата. Неопходни ви се освежувања, бидејќи сте навлезени во монотон период.

После 16-ти мај очекувајте несогласувања и напнатост од непознати причини. Доколку сериозно не се посветите на решавање на проблемите, резултатот може да биде промена на вашиот статус. Неопходно е да бидете разумни и подготвени за договор.

Ако сте слободни:

Потребни ви се нови љубовни искуства. Досадно ви е и треба да најдете нови активности преку кои ќе запознаете нови луѓе. Движете се на нови места за да запознаете некој кој не се вклопува во шаблонот.

Во втората половина на мај потрагата ќе заврши успешно и откако подобро ќе ја запознаете личноста, ќе сфатите дека сте одбрале нешто ексцентрично. Тоа нема да ви пречи и ќе влезете во авантура со добар потенцијал за сериозна врска.

Девица

Ако сте во врска:

Првите неколку дена од мај, поточно до 6-ти, ќе имате зголемена желба за интимност и романтични моменти, па тоа ќе ви ја зацврсти врската или бракот. Организирајте повеќе време за активности во пар и не се штедете да ги кажете искрените емоции. Само така ќе се разберете најдобро.

Во втората половина од месецот буквално ќе ги читате мислите на партнерот и тоа ќе ви донесе можности за продлабочување на врската и преминување на следно ниво. Ова е поволен период за далечни заеднички патувања.

Ако сте слободни:

Веќе подолго време ве привлекува познаник кој делува стабилно, иако го знаете само површно. Не ги идеализирајте вашите симпатии, туку најдете начин да ги покажете вашите квалитети и да ја заинтересирате другата страна.

Набрзо ќе се запознаете толку добро, што ќе планирате заеднички активности секојдневно. Можни се мали разочарувања кон крајот на месецот, но ако добро се снабдите со трпение, успешно ќе ги надминете.

Вага

Ако сте во врска:

Првата декада од месецот ќе ви донесе пријатни моменти и размена на емоции и нежности. Слободното време искористете го за активности во природа. Во втората декада може да се соочите со мали несогласувања кои ќе се однесуваат на семејните и домашни обврски. Потребно е да имате извонредна самоконтрола и трпение за работите да останат во граници на нормала.

По секоја цена избегнувајте некоректни постапки по 24-ти мај, бидејќи тогаш може да дојде до оддалечување на партнерите. Обидете се да ја разгорите страста која подолго време е запоставена.

Ако сте слободни:

Ќе почнете да чувствувате замор и да губите надеж на самиот почеток од месецот, но не го игнорирајте човекот кој е искрено заинтересиран за вас и веќе подолго време ви искажува симпатии.

Благодарение на едно патување и среќните околности, може да запознаете човек со поинаква култура и националност, кој ќе ви ги отвори очите и хоризонтите. Набрзо ќе почнете романса која може да ветува многу. Кон крајот на месецот пријатно ќе се изненадите.

Скорпија

Ако сте во врска:

Првата декада од мај може да ви донесе ненамерно откривање на една ваша тајна пред партнерот, што негативно ќе се одрази на стабилноста и довербата. Неопходно е убаво да објасните за што се работи и да покажете дека сакате да ја исправите грешката.

Во втората половина од месецот брачните и семејни несогласувања ќе продолжат, па не ризикувајте да изгубите блиски луѓе заради тврдоглавост. Кон крајот на месецот конечно ќе може да се одморите, бидејќи ќе ви се пружи шанса да исполните едно дамнешно ветување и со тоа да ги израдувате блиските.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот нема да бирате средства со кои ќе освојувате, бидејќи желбата за страст и интимност ви е зголемена. Вашите обиди може да имаат спротивен ефект доколку претерате со отвореноста, затоа бидете умерени.

Во третата декада нова личност ќе ви изрази симпатии. На почетокот ќе бидете повлечени, но сепак како што ќе се запознавате, интересот ќе почне да расте. Избегнувајте да се трудите околу личности кои постојано ве разочаруваат и повеќе ценете ги оние кои емотивно се отвораат пред вас.

Стрелец

Ако сте во врска:

Мај ќе ви донесе несогласувања со саканата личност и под знак прашалник ќе ви ја донесе меѓусебната доверба. Ќе бидете напнати и неповолните околности ќе ви го направат заедничкиот живот неподнослив. Најважно е да избегнете кавги околу домашни обврски и финансии. Потребно е да си дадете повеќе простор.

Во втората половина на мај односите ќе почнат да се стабилизираат. До крајот на месецот договорете се околу поважните прашања и работете на остварување на заедничките цели, доколку не сакате да страда довербата во иднина.

Ако сте слободни:

Обидите да го привлечете вниманието на личност која подолго време ќе ви се допаѓа ќе наидат на препреки и ќе имате чувство дека само удирате со глава во ѕид. Трпението ќе ви биде на работ, па затоа не притискајте.

Во втората половина од месецот ќе се појави личност која отворено ќе ви ги искаже симпатиите, што ќе ви донесе мир во душата и ќе се согласите на состанок со него/неа. Сепак, ќе ви биде тешко да се одлучите дали да се откажете од личноста која не ви ги возвраќа емоциите.

Јарец

Ако сте во врска:

Помеѓу вас и партнерот постојат некои неразрешени работи од минатото, кои овој месец ќе се вратат на „дневен ред“. Мора отворено да комуницирате и да донесете заеднички договор. Обидете се повеќе да се забавувате во пар.

Кон 19-ти мај вашата сексуалност ќе се зајакне и тоа ќе ви донесе квалитетни промени во емотивната врска и односот кој го имате. Монотонијата ќе ја надминете успешно, но само за кратко, бидејќи кон крајот на мај може да влезете во нова фаза заладување заради вашата незаинтересираност. Не бидете груби.

Ако сте слободни:

Околу 9-ти мај очекувајте познанство кое инстантно ќе ве привлече. Од тоа познанство ќе се развие динамична авантура полна со еротски набој. Ако очекувате тоа да потрае, можно е да се разочарате. Не ја идеализирајте личноста со која сте почнале чисто физички контакт.

Ако бидете отворени за нови искуства, ќе успеете да ги надминете разликите и незадоволствата, во спротивно ќе се разминете. Не смее да се прилагодите на нешто што реално не ви одговара. Залажувањето ќе има негативни последици врз целокупното ваше расположение.

Водолија

Ако сте во врска:

На почетокот на мај препуштете се на фантазиите и романтичните моменти. Не заборавајте да ја опсипете саканата личност со нежности, бидејќи секое внимание ќе ви биде дупло вратено. Запоставувањето на семејните и домашни обврски заради работата може да ви предизвика несогласувања.

Во втората декада на месецот очекувајте возбудливи активности и појачани страсти во односот со партнерот, што позитивно ќе се одрази на вашето расположение. Пронаоѓајте повеќе начини за забава надвор од дома. Бидете динамични и преземете иницијатива за да не го загубите интересот.

Ако сте слободни:

Овој месец треба да соберете храброст и да и пристапите на личноста која долго време ве привлекува. Ќе добиете позитивен одговор и за кратко време ќе запловите во нова емотивна врска.

Средината на месецот може да ви донесе промена на настаните и преку ноќ да се откажете од личноста за која сте се труделе. Ќе се појави ново лице кое со едноставен пристап ќе ги освои симпатиите. Додека да сфатите што ви се случува, веќе ќе влезете во нова врска.

Риби

Ако сте во врска:

Првата декада на мај ќе ви донесе разоткривање на вашите љубовни тајни, а со тоа и несогласувања со партнерот. Ситуацијата ќе се искомплицира доколку навлезете во вербални пресметки.

Кон 13-ти мај ќе имате шанса да ги стабилизирате односите низ искрени разговори и потрага по заеднички решенија. Но, иницијативата мора да биде обострана. Кон крајот на месецот напнатоста ќе се намали, па не треба да се плашите да испланирате заедничко патување преку кое ќе се оддалечите од проблемите.

Ако сте слободни:

Ќе бидете склони на идеализирање на одредена личност, но нема да имате доволно самодоверба за да ѝ пристапите. Ако се служите со некоректни потези, нема да поминете добро. Избегнувајте влегување во тајни врски, иако ќе имате повеќе од една понуда за овој тип на авантура.

Во третата декада на мај ќе запознаете лице кое физички ќе ве привлече и ќе почнете да одите на состаноци. Симпатиите ќе бидат обострани, но ќе мора да поработите на својата креативност и фантазија за да го задржите.

 

Коронавирус