четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 70
home Хороскоп

Лавот да не е горд на работа, Бикот да проработи на комуникацијата за да го сочува бракот

Лавот да не е горд на работа, Бикот да проработи на комуникацијата за да го сочува бракот

ОВЕН

Немојте да бидете брзи денеска. Полека, мирно решавајте ги проблемите. Колегите може да чекаат. Убав ден за љубов. Единствено внимавајте на мешање од страна. Не ги негирајте симптомите.

БИК

Не сте посветени максимално на работата, а тоа ви се одбива од глава, и ви се наталожуваат обврските. Поработете на комуникацијата ако сакате да го сочувате бракот или врската. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Посветени се максимално на работата, но имате впечаток, дека, сеак, некои работи не одат според планот. Се обраќате на саканата личност на повисок тон, а тоа воопшто не е добро. Пробајте да разговарате смирено. Добро здравје.

РАК

Имате некои дилеми, и најдобро би било да разговарате со надредените. Немојте да дозволите грешка која ќе ве чини губење на работата. Ви се допаѓа личност која може да покаже интерес за вас и вашите мали сигнали. Проблеми со органите за варење.

ЛАВ

Немојте да бидете горди на работа. Прифатете некоја сугестија или идеја од колегите. Ве очекува фаза во која ќе бидете исполнети со убави чувства. Немојте да се напрегате.

ДЕВИЦА

Поддршка ќе добиете ако ја побарате. Никој не може да ви ги прочита мислите. Ништо ново во љубовта. Чувствувате здодевност во врската. Покачен притисок.

ВАГА

Финансиите сега ви се одобри и очекувајте нова исплата во следните денови. Не сте посветени на партнерот, а тој има впечаток дека се оддалечувате и бара сериозно да разговарате. Воспаленија на мускулите.

ШКОРПИЈА

Добар ден ве очекува за работа. Немате стари обврски на врат, а и комуникацијата со надредените е добра. Партнерот има впечаток дека не се однесувате добро кон него. Има незадоволство. Водете сметка околу храната.

СТРЕЛЕЦ

Не сте задоволни од работниот ден, затоа што не сте ги исполниле целите. Сте очекувале повеќе, сте добиле помалку. Ве очекува шанса за интересен флерт, кој може да доведе до нешто сериозно. Проблеми со слухот.

ЈАРЕЦ

Добри вести кога е во прашање работата, особено ако се занимавате со трговија. Мали проблеми ви прават забуна, меѓутоа ќе ги решите. Добро здравје.

ВОДОЛИЈА

Соработката со странци оди во најдобар ред, и очекувајте добри вести во следниот период. Се сложуваат на вашите услови. Здодевно ви е, и потребно ви е нешто ново. Физички сте стабилни.

РИБИ

Денеска ќе бидете задоволни од постигнатите резултати. Единствено ве загрижуваат финансиите, кои се се помалку, а нема најава за нов прилив. Љубовниот живот е малку таен, но внимавајте, бидејќи може да бидат откриени некои тајни кои не ви одат од прилог. Проблеми со стомакот.

Коронавирус