среда, 4. август 2021. Вести денес: 90
home Хороскоп

Краток љубовен хороскоп за првата половина на јули

Краток љубовен хороскоп за првата половина на јули

Лавовите треба да бидат многу трпеливи во овој период, а Стрелците ќе имаат подобрување на односите во врската. Прочитајте што ги очекува останатите хороскопски знаци за време на првата половина на јули.

Овен

Од ден на ден препознавате дека вашата сакана личност ве поддржува и ве сака, па ќе ја наградите со мал подарок.

Продолжува вашата позитивна и исполнета љубовна фаза и ќе чувствувате среќа и задоволство.

Бик

Ќе ги игнорирате нереалните барања на другата страна и ќе се обидете да ги средите работите со позрел пристап. Но, можеби ќе се чувствувате како да сте надвор, исфрлени од играта.

Не тагувајте за тоa бидејќи ќе помине како што дошло. Ќе биде подобро.

Близнаци

Еден семеен проблем повторно ќе се појави на површина и ќе мора да се потрудите да го решите, а тоа ќе ви одземе многу време.

Сепак, ќе успеете да ги средите работите. Вие и саканата личност ќе бидете добро.

Рак

Некои Ракови можеби ќе се заљубат, но ќе ви недостасува храброст. Покрај тоа, домашните обврски ќе ви заземат добар дел од вашето слободно време. Најверојатно ќе се занимавате со стан, куќа или нешто слично.

Лав

Што и да правите, другата страна ќе има своја верзија. Трпеливоста е многу неопходна овој пат. И покрај тоа што не сте во најдобри љубовни односи, ќе верувате дека доаѓаат подобри денови. Затоа, игнорирајте ги коментарите и издржете.

Девица

Не тагувајте и не прашувајте премногу. Ако веќе сте во стабилна врска, прифатете го вашиот партнер таков каков што е.

Ќе заземете филозофски став и на тој начин ќе ги покриете сите недостатоци во вашата љубовна врска. Тоа ќе биде мудар пристап.

Вага

Ве очекуваат добри забави, излегување на интересни места или спортски активности што ќе ве поврзат со нови лица. Во такви околности, дури и оние кои сè уште се сами ќе најдат друштво. Бидете отворени за сите.

Скорпија

Додека вие составувате поетски зборови во себе за да изразите чувства, другата страна ќе крои критики на ваша сметка. Ќе ви се чини дека премногу чекате за да започнете нешто на љубовен план, но ниту еден чекор не може да се прескокне.

Стрелец

Вашите зборови ќе бидат добро прифатени и ќе бидете позадоволни од порано. Ќе има мало подобрување на односите во врската.

Со љубезен став ќе можете да одржувате солиден статус кво во вашата врска. Знаете дека не може да биде подобро, барем засега.

Јарец

Иако сте се помириле со отуѓувањето, сепак потајно се надевате дека работите ќе се подобрат.

Нема да можете да направите речиси ништо самостојно. Клучот за вашата среќа лежи во тоа што сте отворени кон другата страна.

Водолија

Ве очекуваат излегувања со пријателите или со поголемо друштво. Оние што сè уште се сингл, би можеле да најдат нова љубов.

Исто така, постои голема шанса да пронајдете нова љубов патувајќи преку граница. Кој има можност и може да го стори тоа, нека патува.

Риби

Подготвувате нов план за заведување на личноста за која сте заинтересирани. Блиску сте до тоа достигнување, но има уште една мала работа што треба да ја завршите.

Вашата дружељубивост ќе ви донесе дополнителни поени во љубовта, но внимавајте да не претерате.

Коронавирус