вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 160
home Хороскоп

Краток љубовен хороскоп до 30 септември

Краток љубовен хороскоп до 30 септември

Прочитајте што ве очекува на полето на љубовта, до крајот на овој месец.

Овен

Некои претставници на овој знак ќе ја активираат својата платонска љубов. Ќе се потрудите да бидете пристојни и љубезно да ги поправите нарушените љубовни односи. Кога е веќе така, најдобро е да не влегувате во непотребни расправии.

Бик

Отворени сте за нови љубовни можности. Истовремено, во вас се јавуваат одредени барања ако сте во врска. Оние кои се слободни ќе бидат неодоливи. Ќе има страст и задоволство. Ќе бидете заиграни, креативни и подготвени на се.

Близнаци

Ако на љубовните односи гледате како на еден вид мачење, така и ќе ви биде. Пробајте да ги прифатите критиките со насмевка и хумор. Ќе уживате навистина ако го дозволите тоа до крајот на месецот. Не се опуштајте и добро забавувајте се.

Рак

Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност. Овој пат ќе бидете во улога на заштитник. Се уште не сте оладени од минатото, а веќе стигнуваат нови љубовни ситуации за вас. Останете смирени.

Лав

Можни се мали проблеми во личните односи. Со доволно љубов и трпение, ќе ги надминете сите проблеми и ќе уживате во љубовта. Едноставно бидете тоа што сте. Бидете природни, харизматични и дипломатични.

Девица

Имате сјајни идеи како да го освежите својот љубовен живот. Ако се водите од нив, ќе бидете многу среќни. Вашите љубовни апетити растат од ден на ден. Ако сте во врска, потрудете се да поминете повеќе време со саканата личност.

Вага

Се двоумите меѓу потребата за самотија во која подлабоко ги согледувате работите и желбите и минувањето време во друштво со површни разговори. Сепак, не размислувајте многу. Ако сакате да сте сами, бидете. Но, штом добиете покана за излегување, прифатете ја и излезете меѓу луѓето. Време е да запознаете личност која вреди.

Шкорпија

На секој начин ќе се трудите да заведувате. Понекогаш ќе бидете збунети, па добро би било да ја одредите својата мета. Сепак, ако видите дека не ви оди во љубовта, повлечете се и почекајте подобри денови. Звучи едноставно.

Стрелец

Не влегувајте во непотребни расправии, не ви е потребно тоа. Одржувајте добри односи со луѓето и забавувајте се. Ако сте во врска, покажете им дека ви значат, а ако не сте, заљубете се овој месец.

Јарец

Личноста со која работите ќе даде се од себе за подобро да ве запознае.Можеби ќе проба да ви се приближи, додека пак вие барате нешто скриено, суптилно и мистериозно. Ќе се водите од својата интуиција.

Водолија

Пробајте да бидете љубезни кон саканата личност, а тоа ќе донесе подобрување во вашиот однос. Партнерот ќе ви ги покаже своите чувства, но и својата чувствителност. На вас е да прифатите и да покажете што е тоа љубов.

Риби

Со оглед на тоа дека не доаѓаат вистински зборови, ќе се потрудите љубовта да ја покажете на некој друг начин. Нема ни потреба да зборувате. Можно е мало нерасположение до крајот на месецот.

 

Коронавирус