четврток, 5. август 2021. Вести денес: 88
home Хороскоп

Кој хороскопски знак лаже најмногу?

Кој хороскопски знак лаже најмногу?

Без разлика колку и да одрекуваат, факт е дека некои луѓе лажат повеќе од другите.

Според хороскопот, Times of India направи листа на хороскопски знаци подредувајќи ги од најголеми лажговци до оние кои најмалку лажат.

1. Бик

Иако важат за најприземен знак, сепак Бикот ќе глуми жртва кога ќе падне во неволја. Нека не ве изненади ако почне да ги извртува фактите, особено ако го фатите во нешто што не треба да го прави.

2. Близнаци

Дури и ако не го мислат тоа, Близнаците ќе ви делат комплименти бидејќи угодувањето на туѓото его е начин со кој се здобиваат со довербата на другите луѓе. Ќе лажат за сè, а потоа ќе настојуваат вие да се чувствувате добро додека тие лажат. Не лажат намерно, тоа им доаѓа некако природно.

3. Лав

Лавот е опседнат со сопствената самодоверба, па не е необично во нивното CV да лажат дека се разбираат во работи за кои всушност не знаат ништо. Ќе лажат и за некоја книга дека е добра, само за да испаднат поинтелигентни.

4. Девица

Девицата сака со сите да биде во добри односи, па ќе лаже за ситници. На пример, како батеријата на телефонот им е при крај, а всушност само не сакаат да разговараат.

5. Вага

Вагата ќе ве нарекува со прекари затоа што заборавила како се викате, иако повеќе пати сте им го кажале вашето име. Ќе лаже за да избегне конфликт или за да не ве повреди.

Ќе лаже дека ѝ било супер со вас, иако понатаму во животот целосно ќе ве игнорира.

6. Овен

Зборови со кои Овенот најчесто се користи кога зборува на тема за која нема поим, само за да не испадне смешен се „логично“, „дефинитивно“, „секако“.

Со мислите ќе отидат некаде далеки додека им зборувате, ќе се прават заинтересирани иако всушност сакаат во тој момент да бидат сами.

7. Скорпија

Иако се горди на својата искреност, Скорпиите ќе лажат за ситни работи само за да се чувствуваат супериорни.

8. Рак

„Не е до тебе, до мене е“ е онаа класична реченица којашто знаат да ја изговорат припадниците на овој знак само за да не испаднат лоши. Ќе ве лажат за да не ве повредат и ќе најдат причина зошто тие се виновни за раскинувањето, иако вистината е дека се заситиле од вас.

9. Стрелец

Стрелецот ќе измисли некој изговор само за да не мора да дојде кај вас ако тоа не му се прави. Искрени се и не би лажеле за некои супер настани коишто им се случиле, но можат да прекршат ветување ако во даден момент не им е дојдено до тоа што го ветиле.

10. Јарец

Јарците не се толку големи лажговци, ќе лажат за тоа дека ги интересира некоја изложба само за да ве импресионираат. Можеби со ситни лаги ќе го разубават нивното CV, но тоа е тоа.

11. Риби

Рибите ќе лажат дека им се допаѓа дружењето со вашите пријатели, ако тоа ве направи посреќни. Избегнуваат да повредат некого, па дури и кога не се чувствуваат добро ќе излажат дека се супер.

12. Водолија

Водолиите попрво ќе се излажат себеси отколку вас. Ќе лажат дека се вегани, а подоцна ќе отидат до првиот ресторан за брза храна по сочен хамбургер.

Коронавирус