понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 37
home Хороскоп

Кои се вашите пороци? Хороскопот го има одговорот

Кои се вашите пороци? Хороскопот го има одговорот

Секоја личност има некаков порок, поголем или помал. Но, се чини дека хороскопот има влијание на тоа.

Овен

Овните се индивидуалци со кои владее оганот, па често паѓаат во искушение поради цигари и алкохол. Штом Овенот еднаш се навлече, нему му е навистина тешко да престане бидејќи е тврдоглав. Тие сметаат дека пушењето и алкохолот помагаат во ослободувањето од стресот, а освен тоа сметаат дека и цигарите прават да изгледаат покул или гламурозно.

Бик

Родените во овој знак се многу стабилни личности, но тие не се многу свесни за своите постапки поврзани со храната и пиењето. Биковите често се склони кон претеување. Доколку се сексуално исфрустрирани, тие или многу пијат или се однесуваат агресивно, а доколку чувствуваат вина, се фрлаат на работата.

Близнаци

Ова е знак кој често го менува своето расположение и пробува патењето да го замени со различни пороци. Тие се познати по тоа што се големи љубители на цигарит еи пурите, а често можат да се навлечат и на различни адреналински спортови, кои сепак брзо им здосадуваат. Знаат да бидат и сексуални зависници. Својата хиперактивност често ја преточуваат во креативна работа, па стануваат зависни од работата.

Рак

Раковите се водени од Месечината, што значи дека многу често го менуваат своето расположение. Не е невообичаено за овој знак да се препушти на алкохол или антидепресиви. Сепак, кога се лути,  јадат многу, а цигарите им се нивниот начин за да ослабат.

Лав

Лавовите често за себе мислат дека се бесмртни, па се препуштаат на пороци многу често. Знаат да бидат алкохоличари, коцкари, неверници. Кога станува збор за неверствата, тие се еден од знаците кои најчесто изневеруваат. Тоа најчесто се случува кога ќе почувствуваат емоционална нестабилност.

Девица

Девиците се најголеми воркохолоци во хороскопот. Често се опсесивни за работата и многу би биле вознемирени ако работите не се одвиваат онака како што тие испланирале. Тоа често е причина за многу алкохол и апчиња за смирување.

Вага

Вагите се личности кои постојано нешто идеализираат, а кога работите ќе тргнат во неочекувана насока, тие ќе направат излет од грдата реалност препуштајќи му се на алкохолот. Вагите често се чувствуваат непријатно во моментите на обврзување, па знаат да бидат и неверни во намера тоа да го избегнат. Исто така, можат да се навлечат на вежбање, па дури и да претеруваат во тоа.

Шкорпија

Тие се најголеми секс зависници во хороскопот. Обожаваат да водат љубов со алкохол, трошат многу пари на облека и фенси ресторани за да ги импресионираат оние од спротивниот пол.

Стрелец

Овие љубопитни луѓе можат да западнат во финансиска криза поради својата зависност од патувања кои не можат да си ги дозволат. Бидејќи по природа се немирни, неверноста и сексуалната зависност им претставуваат проблем често.

И тие се еден од знаците кои веруваат дека се бесмртни, затоа не е невообиачено да пушат и пијат многу.

Јарец

Родените во овој знак се најмалку склони кон пороци. Тие се многу внимателни кон своето тело и можат да бидат зависни само од вежбање. Постои кај нив ризик од анорексија и булимија во желба да изгледаат убаво и слабо. Често, единствен порок им се цигарите.

Водолија

Овој знак сака да истражува нови начини на размислување и нови начини на живеење и за нив најголема зависност може да биде нешто што тие сметаат дека е корисно за нив. За пример, вегетаријансската исхрана. Сепак, она што е лошо тука е дека одат во крајности, па нивната зависност може или да предизвика проблеми со здравјето, или да ја излуди околината.

Риби

За Рибите, причина за зависност може да биде само романтиката. Тие пијат за да заборават и за да избегаат од болката. Лековите за смирување исто така можат да бидат дел од нивната листа на пороци и зависности.