петок, 4. декември 2020. Вести денес: 52
home Хороскоп

Кои се најнапорните хороскопски знаци?

Кои се најнапорните хороскопски знаци?

Секој хороскопски знак има по некој напорен и тежок претставник, но со овие 4 хороскопски знаци најтешко се излегува на крај.

Јарец

Јарците се многу независни, не се грижат за туѓите мислења и не се трудат да се вклопат во околината. Тие се многу тврдоглави и не може човек да ги наговори на нешто што тие не го сакаат. Можете да се обидете да им направите притисок, но тоа ќе го запомнат и ќе ја чекаат првата шанса за да ви вратат за тоа. Со нив е тешко да се комуницира затоа што генерално луѓето (чест на исклучоци) им одат на нерви.

Овен

Ова се луѓе кои сакаат возбудувања, ризици и натпреварувања и тие се темпирани бомби во секој нивен однос. Тие се импулсивни, сакаат веднаш да си ги задоволат потребите и не размислуваат за последиците од нивните постапки. Со нив е тешко човек да води разумна расправа, затоа што тие викаат, навредуваат и никогаш не признаваат дека грешат. Ако се лути или љубоморни, тие ќе се истурат на луѓето кои мислат дека им се виновни за нешто. Бидете подготвени да се приклоните на нивната волја или оддалечете се од нив.

Шкорпија

Тие бараат многу, строги се и одмаздољубиви. Ако се замерите со нив, нема веднаш да почнат да планираат одмазда како што тоа го прави Овенот, туку пресметано ќе го возвратат ударот кога нив највеќе им одговара. Нерадо ја откриваат својата интима, но опсесивно душкаат во туѓите животи и собираат докази за секој случај. Од блиските бараат целосна лојалност, а ако случајно се посомневаат во нечија лојалност веднаш пристапуваат кон детално испитување на случајот.

Близнаци

Ова е дефинитивно најтешкиот знак во интимните врски. Додека е релативно едноставно да се сложите со нив во пријателските или работните односи, во љубовта и сексот се кошмар. Ако и самите сте површни и чудни, ќе најдете заеднички јазик со нив. Но, ако сте заљубени во нив, ако навистина се грижите за нив, тогаш дефинитивно ќе бидете повредени. Никој не им е интересен на долг рок, бргу им здосадува и бараат нов интерес. Тогаш стануваат рамнодушни кон старата љубов и се однесуваат како тие луѓе да се некои странци.

Коронавирус