понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 125
home Хороскоп

Кои мажи се најдобри според хороскопските знаци?

Кои мажи се најдобри според хороскопските знаци?

Со кого ќе имате убав живот, а кого е подобро да го избегнете за да не настрадате? Проверете што велат ѕвездите за тоа. Еве ја ранг-листата составена од најдобри и најлоши партнери според хороскопските знаци. Дали ќе изберете примерен сопруг и татко или вечен Петар Пан, од вас зависи.

Јарец

Не е лесно да го освоите неговото срце. Јарецот е интелигентен, духовит и чесен. Кога нешто еднаш ќе одлучи, мора да ја постигне својата цел. Тој, исто така, е „тркач на долги стази“. Ако бидете со него, може да сметате на стабилност и преданост од негова страна. Но, да се биде на теренот со него, понекогаш, е прилично тешко, затоа не правете романтични паузи. Како и да е, најчесто е многу мил.

Лав

Многу жени сонуваат за ваков маж. Лавот е многу грижлив и прави сè за неговата избраничка да се чувствува посебно. Тој ќе внимава на вас, а затоа што сака раскошен живот – сигурно тоа ќе го покаже и на поопиплив начин. Лавовите, исто така, се многу снаодливи и обично професионално добро се снаоѓаат. Од партнерот очекуваат еднакво внимание и почит – во спротивно нема да бидат задоволни во врската.

Девица

Можеби не постојат беспрекорни мажи, но од сите хороскопски знаци, Девицата е сопруг кој е дефинитивно најблизу до идеалот. Корисен, грижлив, семеен и симпатичен, и може добро да се грижи за децата. Обично има добра работа, но упатен е и во домашните обврски. Својата друга половина ја третира како партнер и – што е најважно – ѝ верува. Лоши страни – премногу е педантен.

извор: friday.mk

Коронавирус