недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Хороскоп

Кои хороскопски знаци никогаш не можат да бидат среќни заедно?

Кои хороскопски знаци никогаш не можат да бидат среќни заедно?

Овие парови не може да функционираат добро поради спротивните карактери.

Водолија и Риби

Водолиите се слободољубиви луѓе, кои со огромен интерес ги изучуваат сите можности што им ги нуди животот. Нивните дејства се непредвидливи и обично водени од нивните моментални желби. Не умеат да ги покажуваат чувствата, ниту, пак, паѓаат на романтични изненадувања. Рибите, од друга страна, држат токму до тоа. Тие нема како да го проголтаат запоставувањето од страна на партнерот, како и недостатокот на романтика и нежност. Односот помеѓу овие два знака е крајно неперспективен.

Овен и Бик

Иако и двата знака се тврдоглави, односите меѓу нив тешко би се задржале. Замислете си како Бикот си седнал во дворот, си пие чаша убаво вино, си јаде француски сирења и се насладува на зајдисонцето. Во исто време, Овенот се појавува со страшна гримаса на лицето – како тоа Бикот го губи времето за глупости, наместо нешто да заврши. А има толку многу работи да се направат. Едноставно, боемската природа на Бикот никогаш нема да може да се комбинира со примарната ароганција на Овенот.

Рак и Терезија

И двајцата се паметни, чувствителни, веруваат во вистинска љубов и мразат агресија. Сепак, нивната врска е речиси невозможна. Терезиите го сакаат светскиот живот, излегувањата, трошењето пари, собирањето пријатели, импулсивните одлуки. Ракот претпочита да седи дома и да си ги собира парите. Тој секогаш ќе се чувствува недоволно сакан и ценет. Односите помеѓу овие два знака би биле можни по цена на многу компромиси.

Коронавирус