понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 113
home Хороскоп

Кои хороскопски знаци најдобро чуваат тајни, а кои не знаат да премолчат?

Кои хороскопски знаци најдобро чуваат тајни, а кои не знаат да премолчат?

Кога станува збор за оддавањето тајни на пријатели, сите знаеме барем една личност која едноставно не знае ништо да зачува за себе.

Зошто можеме да им веруваме на некои луѓе, а на други не? Одговорот би можел да се крие во нивниот хороскопски знак, пишува „Purewow“.

Знаци кои најдобро чуваат тајни

Судејќи според хороскопот, овие 3 знаци знаат да чуваат тајна и секогаш можете да им верувате.

Шкорпија

Секогаш можете да сметате на Шкорпиите бидејќи тие ги носат тајните со себе до гроб. Никогаш нема да ве предадат освен ако претходно не ги предадете први. Шкорпиите тешко се доверуваат, но штом еднаш ќе го направат тоа, тие ќе очекуваат да ги третирате на ист начин како што ве третираат тие кога станува збор за чување тајни.

Риби

Како и Шкорпијата, Рибите се чувствителен воден знак на кој секогаш можете да сметате. Познати по тоа што се несебични, Рибите се полни со емпатија и се грижат за другите. Затоа тие никогаш нема ни да помислат да откријат туѓа тајна.

Лав

Лавовите се исклучително лојални и сигурни пријатели. Тие се повеќе заинтересирани за другите луѓе отколку за себе. Како и Шкорпиите, Лавовите ќе ве изневерат само ако вие прво ја изневерите нивната доверба.

Знаци кои не знаат да чуваат тајни

Стрелец

Стрелците секогаш ги интересира вистината и само вистината. Тие нема да престанат да ве испрашуваат сè додека не им ја кажете вашата тајна, но внимавајте бидејќи таа тајна нема да ја чуваат долго за себе. Стрелците се склони кон ширење гласини и преувеличување, особено кога мислат дека трачот е доволно „сочен“ за да се претвори во интересна приказна.

Близнаци

Близнаците не можат да ја држат устата затворена, па затоа е подобро да не споделувате никакви тајни или планови со нив, особено ако подготвувате некое изненадување. Сепак, кога некоја тајна е сериозна, тие ќе се обидат да не ја кажат на друг, но ако станува збор за ситници, нема да чекаат долго за да ја раскажат.

Девица

Девиците се многу заинтересирани за животот на другите луѓе и се обидуваат да ги дознаат сите трачеви. Понекогаш тие можат да бидат себични и ќе ви помогнат само ако играте според нивните правила. Ако се обидете да им се спротивставите, ќе ви возвратат со откривање на сите ваши тајни, па дури и оние сериозните.

Коронавирус