среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 41
home Хороскоп

Кармички врски: Овие хороскопски знаци ги спојува судбината, но не се преодредени за успех и брак

Кармички врски: Овие хороскопски знаци ги спојува судбината, но не се преодредени за успех и брак

Без разлика дали верувате во кармичка љубов или не, астролозите тврдат дека има хороскопски знаци кои силно се поврзуваат уште на првата средба, на духовно и емоционално ниво.

Како и да е, иако судбината ги зближува, не значи дека ова е врска наменета за успех, брак, деца, заедништво … Честопати ваквите односи се карактеризираат со неверојатна блискост и силни емоции, но одредени разлики можат да предизвикаат премногу конфликт во врската. Може да дојдете до момент кога нема што да направите за да ги решите проблемите и мора да се одлучите за раскинување.

Да погледнеме што ни откриваат ѕвездите:

Рак и Девица

Сите знаеме како несигурниот Рак може да се однесува кон својот партнер. Потсвесо секогаш има потреба да проверува честопати се повлекува во себе и е исто така познат по манипулации. И покрај силните чувства, ваквото однесување може да поќне да ја гуши Девицата, која ќе стане се повеќе вознемирена и незадоволна во врската. На крајот, ќе има тензија меѓу двата лика што тешко ќе можат да ја надминат.

Скорпија и Вага

Скорпиите се познати по нивниот перфекционизам и потреба од контрола, така што понекогаш немаат многу трпеливост кон својот партнер во врските. Вагата е неодлучна по природа, така што секое притискање од страна на партнерот во знакот Скорпија може да го смета како напад, а тоа може да биде голема причина за раскинување. Меѓу двата знака секојдневно може да има кавги, но тие обично се решаваат ако и двете страни сакаат да разговараат и да го разгледаат проблемот.

Бик и Водолија

Бикот може да стане љубоморен и посесивен во одредени ситуации. Припадниците на овој знак обично го прават ова затоа што се чувствуваат несигурни во врската и не добиваат доволно љубов од партнерот. Водолијата е позната по тоа што не е премногу емотивна и за време на расправијата може целосно да се затвори и да се дистанцира. Ова може да доведе до уште поголем проблем, па дури и до раскинување.

Лав и Риби

Рибите се многу интровертни и склони кон фантазија. Понекогаш заради ова, тешко се вклопуваат со другите, честопати се се почитуваат доволно и може да изгуват интерес. Луѓето можат многу лесно да управуваат со нив. Лавот може да се обиде да ги заштити нежните Риби, но со тек на време, сите различни нешта што ги прават ќе излезат на површина. Ќе се создаде нетолеранција и фрустрација. За среќа, Лавовите и Рибите имаат исто така многу сличности што им помагаат да ги решат ситните кавги.

Коронавирус