Џенифер Ангел, познат астролог од Њујорк ги истакнува слабостите на секој од хороскопските знаци, во однос на љубовта.
Овен
Претставниците на овој знак се независни луѓе кои се борат за тоа што го сакаат, но за жал тие не можат да се опуштат кога се во врска. Тие се знак кој е реактивен, размислуваат многу, всушност и премногу и брзо делуваат. Секогаш го кажуваат тоа што го имаат на ум, а понекогаш се егоцентрични и претерано агресивни. Доколку се во врска со чувствителен партнер, ова може да биде постојан извор на конфликти. Но, за среќа, тие брзо забораваат и не држат бес во себе.
Бик
Биковите можат да бидат многу посветени и верни на својот партнер, но тие можат од преминат од 0 на 100 на скалата на љубомора. Посесивноста е нивната најслаба страна. Овој знак не ни дозволува другите да го погледнат нивниот партнер. Тие не забораваат лесно и затоа некои ситуации можат многу долго да му ги споменуваат на својот партнер.
Близнаци
Близнаците внимаваат на секој детал од нивната врска и сакаат тоа да го покажат во јавноста, што може да биде голем проблем доколку нивниот партнер е поинаква личност. Споделувањето информации е програмирано за нив, а особено кога се во врска, тие сакаат да се фалат со тоа. Но, тоа не значи дека сакаат да предизвикаат штета, туку само не размислуваат премногу.
Рак
Чувствителниот и понекогаш претерано темпераментен Рак често прави проблеми во врската со неговото често менување на расположението. Тие можат да отидат на спиење многу нервозни, а потоа наутро да се однесуваат како ништо да не се случило. Секако дека го мислеле тоа што го кажале претходно, но едноставно наутро се чувствуваат поинаку. Водени од Месечината, тие се многу интензивни во своите емоции и тоа има големо влијание на нивното расположение во врската.
Лав
Лавовите сакаат да ја пробуваат својата среќа во животот, а особено во љубовта. Тие понекогаш се и многу егоцентрични и затоа обидете се да најдете време секогаш за нив. Доколку мислевте дека сте независни и дека имате контрола врз својот живот, заборавете го тоа додека сте во врска со претставниците на овој знак. Тие сакаат нивните партнери да бидат успешни, но никогаш нема да влезат во врска со личност која може да ги засени.
Девица
Девиците се перфекционисти и кога се во врска се обидуваат да ги исполнат целите кои си ги имат зацртано. За жал, перфекционизмот може да ги направи напорни и да има негативно влијание на нивниот партнер. Тоа што е навистина иритирачко за овој знак е тоа дека тие се секогаш во право и го знаат тоа.
Вага
Претставниците на овој знак се секогаш подготвени за компромис и давање помош и поддршка на партнерот, но понекогаш се многу вкочанети во врската. Тие никогаш нема да сакаат да постигнат контрола во врската, но во ситуации кога треба да се донесат важни одлуки, тие ќе бидат многу бавни и нерешителни.
Скорпија
Скорпиите сакаат контрола над партнерот, но очекуваат и целосна искреност. Тие сакаат лојалност и очекуваат дека партнерот со нив треба да ги сподели сите тајни, но никогаш немојте да мислите дека ќе го добиете истото и од нив. Тие се многу мистериозни и таинствени и многу често нема да знаете што се случува во нивниот живот.
Стрелец
Иако тоа ретко испаѓа на добро кога станува збор за врските, Стрелците се оние претставници на зодијакот кои се брутално искрени. Кога ќе ги прашате за мислење, секогаш ќе добиете повеќе од она што сакате да го слушнете. Кога станува збор за овој знак, секогаш треба да сте подготвени на вистината, што понекогаш може да ве повреди или да покаже нечувствителност од нивна страна.
Јарец
Доколку одржувањето на врската се чини како тешка работа, претставниците на овој знак секогаш можат да се носат со тоа. Тие се посветени и одговорни во врската, но им недостасува спонтаност што може да придонесе за монотонија во врската. Често, тие ги земаат нештата многу сериозно и имаат потреба да контролираат сè, што ги прави многу нефлексибилни.
Водолија
На Водолиите им е потребно многу време да се отворат во врската, но кога се во врска можат целосно да му се посветат на партнерот. Една од нивните лоши страни е постојаното менување на ставовите, како и потребата за слобода во врската.
Риби
Рибите се имаат високи идеали за врската и понекогаш посветеноста е навистина тешка задача за нив. Тие се многу чувствителни и имаат моќна интуиција. Понекогаш ќе очекуваат нешта кои не можете да им ги дадете само поради тоа што имаат тенденција претерано да ја романтизираат врската.