четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 136
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Хороскоп

Какви се кога ќе се заљубат: Мажите Јарци се воздржани, Овните не знаат да скријат дека се затрескани

Какви се кога ќе се заљубат: Мажите Јарци се воздржани, Овните не знаат да скријат дека се затрескани

Кој ги става сите карти на маса, а кој е мајстор за флертување?

Девицата ќе го проучува својот „предмет на интерес“ и ќезапишува важни информации, а Вагата ќе игра игра што ќе ви го освои срцето… Еве кои знаци ги откриваат мажите во различните хороскопски знаци дека се заљубени во вас.

Овен

Бидејќи е еден од најбрзите, најпребирливите и најсигурни знаци во зодијакот, Овенот ретко ќе крие дека е за заљубен или затрескан.

Ќе ве заведе, но уште пред да ви пријде ќе се потруди да изгледа најдобро што може. Ќе биде насмеан „од уво до уво“, шармантен и ќе „нападне“ со сите адути.

Бик

Бикот е фиксен земјен знак со кој управува Венера. Тоа ги условува дека имаат тенденција да останат на своето место. Нема да го направат првиот чекор.

Да не беше Венера, планета која, меѓу другото, ги претставува љубовта, романсата и убавината, Бикот немаше да има многу среќа во љубовта. За среќа, имаат фино „наштимани“ сетила и кога ќе се заљубат, нивните чувства се искрени, па може да се „прочитаат“.

Тие се господари на суптилниот флерт. Си го сакаат својот простор, но ако забележите дека ве допираат по рамото или рацете, тоа е сигурен знак дека тргнале во акција.

Близнаци

Поради двојната природа на Близнаците, многу често не знаете на што сте со нив и во која насока се развива односот со нив. Тие им даваат на сите еднаква шанса, што значи дека ќе флертуваат со секого, но кога навистина им се допаѓа некој, работите можат да станат многу збунувачки.

Близнаците ќе се однесуваат како да сте ѕвездата на нивната програма во еден момент, а ладно и недостапно во друг момент. Ова можеби изгледа лошо, но не е, бидејќи кога Близнаците се однесуваат контрадикторно, тоа е знак дека се заљубуваат.

Рак

Иако Раковите се полни со кардинална енергија, што значи дека тие иницираат акцијаа, тие се исто така воден знак, што ги прави чувствителни и срамежливи.

На кратко, кога Ракот е вљубен тешко ќе пристапи некому бидејќи е премногу срамежлив.

Заљубените Ракови ќе останат на страна, и ако остварите контакт со очи, тие веројатно ќе поцрвенат и ќе погледнат на страна. Тие не од оние што ќе дојдат и јасно ќе стават до знаење дека им се допаѓате, едноставно не се толку храбри да преземат таков ризик и да бидат одбиени.

Лав

Заљубениот Лав во никој случај не е суптилен. Тие секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, но кога некој ќе им се допадне, ќе вложат дополнителен напор да ја покажат својата „најдобра страна“.

Кога конечно ќе останат сами со некој што го сакаат, ќе бидат топли, весели и полни со внимание, и ако се решат за врска, ќе вложат многу во неа и ќе го очекуваат истото од партнерката.

Девица

Мажите родени во знакот на Девица нема да ги покажат своите чувства, туку ќе ја набљудуваат личноста што им се допаѓа и ќе фаќаат белешки за неа – што сака, што не сака, каде излегува, што јаде, каква музика слуша, која ѝ е омилена песна, боја…

Ќе знаете дека маж Девица е заљубен во вас кога ќе почне да ви прави мали услуги без да го побарате тоа од нив. Ќе се погрижи да ви биде пријатно во негово друштво, да ви биде секогаш при рака и ќе почне да носи облека во бои што ви се допаѓаат.

Ретко ќе го направи првиот чекор, но сигурно ќе ве покани на групно излегување со неговите пријатели.

Вага

Венера владее со Вагата, па не е ни чудо што љубовта е една од основните работи во животот на припадниците на овој знак. Кога мажот роден во знакот Вага е вљубен, јасно ќе го стави тоа до знаење. Прво ќе почне да го имитира вашето однесување и говор за да ви се приближи што е можно повеќе.

Вагите ќе го направат првиот чекор без никакви проблеми, но тоа нема да го сторат директно, туку ќе „заобиколат“ за да ви дадат до знаење дека се заинтересирани. Но, сето тоа е само глума, веќе се затрескани до уши.

Шкорпија

Припадниците на овој знак се склони кон тајност и не сакаат да ги откриваат своите мислења и чувства.

Но, кога мажот Шкорпија ќе најде некого на кого не може да му одолее, таа личност ќе биде многу свесна за тоа. Што и да прават, ќе бидат проследени со интригантниот поглед на Скорпијата.

Тој ќе го направи првиот чекор, но топката ќе ја префрли на ваш терен за да се осигура дека привлечноста е взаемна.

Стрелец

Стрелецот е уште еден знак што не може да ги сокрие неговите чувства. Тие имаат внатрешна потреба да ги пуштат своите стрели на вистината и искреноста, каде и да завршат. Повеќе од јасно е дека му се допаѓате, но внимавајте – Стрелците многу ветуваат на почеток, а потоа се повлекуваат пред можноста за долга врска.

Јарец

Знак познат по својата резервираност и дисциплина. Кога се заљубуваат, внимателно, полека но сигурно ѝ пристапуваат на својата потенцијална партнерка.

Неговото однесување можеби ќе ви наликува како на некој кавалер од класиците и ќе изгледа малку нереално, но неговата несмасност во флертувањето е вистински показател за тоа колку му се допаѓате.

Јарците се многу мирни и сакаат да испратат впечаток кон светот колку се стабилни и во мир со самите себе. И кога ќе бидат вљубени, таа фасада паѓа и тие ќе сторат сè за да покажат дека некој им е најважен во светот.

Водолија

Водолиите ги сакаат луѓето и мислат дека сите им се пријатели. Од друга страна, ја имаат таа способност да ги одвојат емоционалните грижи и да бидат објективни во решавањето на проблемите. Затоа може да делуваат ладно и незаинтересирано.

Но, кога ќе забележите дека мажот Водолија е нетрпелив, нервозен и по малку несмасен, тоа е сигурен знак дека му се допаѓате. Когаќе му возвратите на вниманието ќе блесне во нов сјај, ќе се смее цело време и ќе изгледа како да потскокува, а не дека оди. Тоа е јасен показател дека заљубен.

Риби

Иако Рибите се многу добри во чување и криење тајни, кога станува збор за нивните чувства, сите карти се на маса. Ако му се допаѓате на мажот роден во знакот на Риби, ќе знаете бидејќи ќе сакаат да поминуваат сè повеќе време со вас, бидејќи во спротивно сакаат да поминуваат време сами.

Коронавирус