среда, 5. август 2020. Вести денес: 43
home Хороскоп

Каков ќе ви биде денот според зодијакот , љубов, работа и здравје

Каков ќе ви биде денот според зодијакот , љубов, работа и здравје

ОВЕН

Работа: Можно е работите на ова поле да не одат според планот. Разочарани сте и потребно е да ги менувате ставовите.

Љубов: Ќе ви биде полесно кога ќе прифатите промени на полето љубов.

Здравје: Чувствителни синуси.

 

БИК

Работа: Внимавајте на нови информации врзани за работното поле. Ви доаѓаат пресврти кои не сте ги очекувале.

Љубов: Ќе бидете задоволни од комуникацијата со саканата личост која ви покажува поголем интерес.

Здравје: Проблеми со крвната слика.

 

БЛИЗНАЦИ

Работа: Не е претерано поволен ден, па можно е да имате некои мали компликации и проблеми.

Љубов: Тешко ви е да се помирите со партнерот кој во минатото на некој начин ве лажел и не е искрен кон вас.

Здравје: Избегнувајте напрегање.

 

РАК

Работа: Можно е да ви се појавува некоја нова дилема и да не ви е лесно да донесете вистинска одлука.

Љубов: Ве очекува период кој ви носи несогласувања со партнерот. Наклонети сте кон караници.

Здравје: Можни проблеми со алергиите.

 

ЛАВ

Работа: Ќе бидете преоптоварени. Можно е да имате впечаток дека работата ви ја црпи енергијата која ја имате.

Љубов: Можно е да имате криза со саканата личност и не ви е лесно односот да го стабилизирате сега.

Здравје: Посетете лекар.

 

ДЕВИЦА

Работа: Може да очекувате среќни околности на полето работа. Пред вас е добар период кој носи промени.

Љубов: Несигурни сте и поради тоа никако не може да и пријдете на личноста која ви значи.

Здравје: Малаксаност.

 

ВАГА

РАбота: На полето приватна рабта доаѓа до промени. Поволен ден за нови вложувања како и за нови одлуки.

Љубов: Имате караници со саканата личност. Чувствувате дека бракот ви е во голема криза.

Здравје: Чувствителна бешика.

 

ШКОРПИЈА

Работа: Може да очекувате прилика да ги решите проблемите денеска. Поволен ден за кратко патување.

Љубов: Саканата личност покажа дека искрено и значите и дека е подготвена на сериозна врска со вас.

Здравје: Мокрачни инфекции.

 

СТРЕЛЕЦ

Работа: Доколку денеска се впуштите во нови работи, може да очекувате дека ќе бидете задоволни.

Љубов: Не ви е лесно да најдете партнер за нова врска. Можно е да сте се затвориле во себе.

Здравје: Добро здравје ве очекува.

 

ЈАРЕЦ

Работа: Немојте многу да одолговлекувате со работните обврски, затоа што би можеле да имате некои проблеми.

Љубов: Денешниот ден не ви е претерано поволен ден за љубовта. Партнерот на некој начин ќе ве разочара.

Здравје: Одморајте.

 

ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е да прифатите нова шанса за работа. Подготвени сте драстично да ги менувате работите на ова поле.

Љубов: Пред вас е фазата која носи интересни пресврти со личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Водете сметка за забите.

 

РИБИ

Работа: Патувањето кое го планирате на работното поле, е добро за вас. Може да очекувате проширување на работата.

Љубов: Уживате во необврзувачки средби на полето љубов и покажувате дека не сте подготвени за врска.

Здравје: Одлично.

Коронавирус