понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 52
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Каков ден ги очекува хороскопските знаци? Љубов, работа и здравје

Каков ден ги очекува хороскопските знаци? Љубов, работа и здравје

ОВЕН

Работа: Очекувајте позитивни промени кога е во прашање работата. Подготвени сте да превземете контрола над промените.

Љубов: Се трудите да остварите добар однос со личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Проблеми со главоболка.

БИК

Работа: Можно е да не сте подготвени да донесете некои работни одлуки иако тековната ситуација од вас тоа го бара на некој начин.

Љубов: Ви се допаѓа личност која ја познавате од минатото. Минатото тропа на вашата врата.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Бидете доволно отворени со вашите соработници и покажете им какви грешки прават.

Љубов: Ќе имате шанса да запознаете личност која сака сериозна врска со вас. Подготвени сте за промени.

Здравје: Проверете го холестеролот.

РАК

Работа: Препорака е да водите сметка околу работите кои порано сте требало да ги завршите до крај, а не сте успеале.

Љубов: Не ви е лесно да дојдете до помирување со личноста од минатото. Двајцата сте повредени.

Здравје: Помалку внесувајте алкохол.

ЛАВ

Работа: Пробајте да се занимавате со работи кои чекаат на вас, и не ви е лесно да се организирате на вистинскиот начин.

Љубов: Саканата личност покажала дека постојат замерки од нејзина страна. Многу незадоволство има во вашиот однос.

Здравје: Чувствителна кожа.

ДЕВИЦА

Работа: Нетрпеливи сте да ги решите сите работни недоумици и да тргнете да остварувате нови проекти.

Љубов: Не сте задоволни од односот со партнерот и се повеќе размислувате за можност да ја прекинете врската.

Здравје: Пад на имунитетот.

ВАГА

Работа: Позитивна атмосфера ве очекува. Може да се надевате на позитивни околности.

Љубов: Поволен ден е пред вас. Подготвени сте да ги покажете своите чувства и да влезете во нова врска.

Здравје: Хормонални промени.

ШКОРПИЈА

Работа: Сте влегле во ново работно опкружување во кое на самиот почеток не се снаоѓате најдобро.

Љубов: Ново познанство ве очекува. Подготвени сте постепено да остварувате интимен однос со вашата симпатија.

Здравје: Чувствителна бешика.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекува прекин на некој договор, или заминување од работа. Можно е одамна да сте сакале големи промени.

Љубов: Можно е со саканата личност да сте решиле да менувате некои договори кои ги имате од порано.

Здравје: Водете сметка околу очите.

ЈАРЕЦ

Работа: Можна е промена на работата. Подготвени сте да почнете сопствен бизнис кој ќе биде успешен.

Љубов: Ве очекува период кој е поволен за нови случувања. Возбудување на полето флерт полека расте.

Здравје: Пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е да бидете наклонети кон некои ризични вложувања кои може да ви донесат загуба или штета.

Љубов: Неочекувано доаѓате до средба која ќе ве донесе до нова емотивна врска.

Здравје: Можна е такихардија.

РИБИ

Работа: Големи промени се пред вас во следниот период. Подготвени сте да се посветите на нови преговори.

Љубов: Можно е со саканата личност да планирате проширување на фамилијата. Подготвени сте за нови промени.

Здравје: Проблеми со стомакот.

 

извор: tv21

Коронавирус