вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Како се однесуваат хороскопските знаци во изолација?

Како се однесуваат хороскопските знаци во изолација?

Сите сме во иста ситуација и за да го сочуваме нашето здравје, но и здравјето на другите луѓе – треба да останеме дома.

На некои луѓе изолацијата им паѓа тешко, а тоа зависи од карактерот, но и од хороскопот.

Еве како се однесуваат хороскопските знаци во изолација.

Овен

Овните не спаѓаат помеѓу оние коишто останале без квасец, тоалетна хартија и тестенини. Тие секогаш имаат залиха од она што им е најпотребно бидејќи се на готовс за какво било апокалиптично сценарио.

Бик

Биковите и пред ова ретко го напуштаа својот дом па за нив изолацијата претставува животен стил. Ова време го користат за да ги изгледаат сите епизоди од омилените серии.

Близнаци

Откако ги поминаа првите 24 часа прередувајќи ги книгите од домашната библиотека, наредниот ден го средуваа ормарот и така во круг. На Близнаците не им е здодевно да бидат во изолација, но не прават нешто што е претерано продуктивно.

Рак

Раковите целиот нивен живот сонуваат за некаква апокалипса. Тие излегуваат од дома додека трае изолацијата да одат до маркет и уживаат шетајќи се по полупразните улици.

Лав

Колку и да се обидуваат да се држат кон правилата и мерките, Лавовите страдаат затворени дома. Тие едвај чекаат да го видат нивното друштво и да се вратат на стариот живот.

Девица

Откако дознаа што следи, Девиците направија список на потребните намирници за следните месеци. Направија организација и нов распоред за секојдневието и го продолжија својот вообичаен програмиран живот.

Вага

Вагите постојано висат на социјалните мрежи и објавуваат инспиративни цитати и стари фотографии од патувања, коментираат на различни објави и се расправаат.

Скорпија

Скорпиите се во ситуација кога немаат што паметно да прават освен да уживаат, и не им е криво што ги одложија обврските барем уште некој период.

Стрелец

Стрелците бараат нова дестинација за патување и размислуваат за идните авантури. Истражуваат нови рецепти и уживаат во готвењето.

Јарец

Јарците ги држат работите под контрола и се грижат дали нивното семејство редовно ги мие рацете, дали се храни здраво, но и понекои работи кои ги иритираат сите околу нив.

Водолија

Водолиите го сакаат времето кое го поминуваат сами. Но, тој период им трае неколку часа а потоа им се јавува желба да се видат со саканите луѓе.

Риби

Рибите се ангажирани да им помогнат на сите на коишто им е потребно, но и на оние на коишто не им е, па затоа на сите околу нив им стануваат здодевни.

Коронавирус