сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Хороскоп

Како се однесуваат хороскопските знаци кога се несреќни во врската?

Како се однесуваат хороскопските знаци кога се несреќни во врската?

Дали знаете како се однесува секој од хороскопските знаци кога имаат проблеми во врската или се несреќни?

Овен

Овните ќе ве исклучат од секојдневниот живот, иако нема да зборуваат за тоа сè додека не биде очигледно дека имаат некаков проблем. Кога Овнот е вљубен сака со партерот да ги сподели сите смешни детали од својот живот и сака да знае што му се случува на партнерот. Овните се директни кога станува збор за нивните намери. Ако се најдете во ситуација да се запрашате дали нешто лошо се случува во вашата врска, веројатно се случува.

Бик

Биковите објавуваат содржини на социјалните мрежи за да им покажат на другите дека живеат прекрасно и го уредуваат својот живот за да не се забележи кога се несреќни. Колку повеќе се несреќни и незадоволни со својот живот толку повеќе ќе се ослонуваат на мислењето на другите луѓе.

Близнаци

Близнаците кога се несреќни се како изгубени, деконцентрирани и ќе се грижат за сè освен за врската во која се несреќни. Ќе се мачат на работното место, ќе плачат без причина бидејќи не знаат како да се справат со тоа дека се несреќни. Близнаците не знаат да кријат дека се несреќни – стануваат неодлучни. Ќе ги избегнуваат љубовните проблеми сè додека не се најдат во ситуација да се соочат со она што им се случува.

Рак

Кога се несреќни, ги нервираат ситниците и паничат. На пријателите им кажуваат дека се несреќни и прават сè за да се ослободат од лошите чувствува освен да се соочат со она што ги мачи. Кога нивната позитивна енергија ќе се претвори во горчина, тоа е знак дека се многу несреќни.

Лав

Најпрвин се агресивни, а потоа ги игнорираат сите околу нив. Лавовите кои се несреќни се брутални, со оглед на тоа дека е нарушена и нивната самодоврба. Кога нешто не е во ред стануваат многу несигурни, се расправаат со луѓето околу нив. На крајот се откажуваат и се обидуваат да продолжат понатаму.

Девица

Ако се чувствуваат несреќни или несигурни, постојано ќе си наоѓаат работа само да не мислат на ова што стварно ги мачи. Девиците се страстни, но се многу параноични. Ако ви изгледаат дека се мирни и сталожени и ако постојано се во движење, треба да знаете дека сигурно се случува нешто лошо.

Вага

Ако не се среќни во врската, се посветуваат на работата. Вагите се вредни иако се големи романтичари. Имајте на ум дека Вагите ќе направат сè за да постигнат хармонија во сите полиња на нивниот живот.

Скорпија

Скорпиите почнуваат да се нервираат за работи коишто воопшто не се поврзани со проблемот кој ги мачи. Скорпијата е најчувствителниот знак во хороскопот и кога се несреќни во врската не се способни да го игнорираат проблемот или да се претвораат дека сè е исто како и обично.

Стрелец

Во врската во која се несреќни стануваат пасивно-агресивни. Постојано се однесуваат лошо со блиските и тоа на оние коишто немаат врска со нивниот љубовен живот. Тие се симпатични, полни со енергија, расположени, но тоа не значи дека можат да молчат за работите кои ги мачат.

Јарец

Кога се несреќни, Јарците сакаат да ги имаат под контрола сите делови на нивниот живот. Ќе размислуваат за тоа што ги мачи и ќе се обидат да го решат проблемот, но кога ќе видат дека нема назад и нема спас за врската, го одолговлекуваат крајот.

Водолија

Водолиите се амбициозни луѓе кои се ориентирани на работата, а кога се несреќни во врската имаат тенденција да ја усмерат енергијата кон остварување на зацртаните цели. Клучниот показател дека се несреќни е дека немаат време за својот партнер бидејќи се посветени на кариерата.

Риби

Рибите сакаат слобода, а кога се несреќни во врската ќе се заинтересираат за минливите авантури, излегувања и ново друштво. Кога Рибите ќе почнат да се занимаваат со другите луѓе и нови искуства, а помалку на вашата врска, бидете сигурни дека не е во ред.

Коронавирус