вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Хороскоп

Како хороскопските знаци ви покажуваат дека им се допаѓате?

Како хороскопските знаци ви покажуваат дека им се допаѓате?

Секој од хороскопските знаци има различни карактеристики, и така на различен начин покажуваат дека им се допаѓате. Некои се нежни и суптилни, други пак многу очигледни.

Овен – Ви даваат комплименти

Кога му се допаѓате на еден Овен, тоа не е само поради физичкиот изглед, туку тие ја обожаваат вашата личност. Тие мислат дека сте интересни, забавни и паметни. Тие бараат личности кои ги мотивираат и инспирираат и следствено на тоа, во такви и се заљубуваат. Така, кога им се допаѓате, тие ќе ви се восхитуваат и постојано ќе ви делат комплименти.

Бик – Се однесуваат заштитнички

Кога Биковите ќе се заљубат, тоа кај нив е многу силно и често трае цел живот. Тие ги земаат врските и пријателствата за сериозно и се многу лојални личности. Ако тие сакаат да се зближат со вас и постојано се однесуваат заштитнички, не дозволувајќи никој да каже нешто лошо за вас, дефинитивно им се допаѓате.

Близнаци – Се трудат да ве направат среќни

Една од најзанемарените карактеристики на Близнаците е тоа дека тие се екстремно дарежливи личности кои се грижат за другите. Тие сакаат да ве прават среќни постојано. Ако се однесуваат како да не бараат многу, а ви даваат се, дефинитивно тоа е знакот дека им се допаѓате многу.

Рак – Стануваат чудни

Генерално, Раковите не се чудни личности, но такви стануваат кога ќе се заљубат. Тие се чувствуваат несигурно, се трудат да не направат некаква грешка и се плашат од одбивање. Тие одеднаш не знаат што да прават со толку многу емоции и доколку станат чудни, тоа е доказ дека навистина им се допаѓате.

Лав – Се однесуваат како веќе да сте заедно

Лавовите не се срамежливи личности и ако им се допаѓате, сигурно ќе го знаете тоа. Сепак, покрај тоа, тие ќе се однесуваат како веќе да сте во врска. Не се изненадувајте ако го сменат статусот на Фејсбук, дури и додека вие не знаете дека сте во врска.

Девица – Се однесуваат студено

Кога Девиците ќе се заљубат, нивните инстинкти им велат дека треба да бидат внимателни. Така, тие градат ѕид бидејќи не сакаат да брзаат и да влетаат во нешто за што не се сигурни дека ќе биде успешно.

Вага – Ќе се обидат да ве шармираат

Ако Вагите не ви кажат директно, тие ќе се обидат да бидат шармантни и да флертуваат со вас, така што вие ќе бидете оние кои ќе го направат првиот чекор. Колку и да се сигурни во себе, тие малку успоруваат кога станува збор за љубовта. Кога ќе им се допаднете, ќе дадат се од себе за да изгледаат добро во вашите очи.

Шкорпија – Ќе ви поставуваат прашања

Тие ќе се обидат да дознаат милион мали работи за вас и ќе покажат вистински интерес за тоа каква личност сте. Тие се премногу емотивни личности кои изразуваат љубовен интерес на овој начин и се плашат да бидат искрени околку тоа како се чувствуваат.

Стрелец – Стануваат саркастични

Стрелците имаат силна смисла за хумор и тие се одлични во тоа. Сепак, со оглед на тоа какви авантуристи се, тие понекогаш се плашат од љубовта и се трудат сето тоа да биде најлабаво што може. Ќе се трудат да бидат интересни со тоа што ќе ве засмејуваат, ќе кажуваат саркастични шеги и ќе се потрудат да откријат како вие се чувствувате.

Јарец – Несигурни во себе

Несигурноста во себе е нешто што не е карактеристично за Јарците, но кога станува збор за љубовта, тоа често се случува. Кога ќе се заљубат, тие стануваат исплашени и премногу анализираат така што на крајот, не се сигурни дали се посакувани, дали и другата страна го чувствува истото и дали можеби имаат конкуренција за која треба да размислуваат.

Водолија – Се трудат да минуваат повеќе време со вас

Кога ќе се заљубат, без оглед на нивните обврски, Водолиите ќе ве стават високо на нивната листа на приоритети и ќе се трудат секој слободен момент да го минуваат со вас. Така, тие ќе ви покажат дека им се допаѓате.

Риби – Постојано сакаат да зборуваат со вас

Рибите ќе ви праќаат пораки за добро утро и добра ноќ и ќе ви пратат милион пораки измеѓу. Тие сакаат да се заљубени и уживаат во љубовта, а за нив заљубеноста е најубавата фаза.