недела, 20. септември 2020. Вести денес: 74
home Хороскоп

Како да освоите, засакате и задржите личност родена во знакот Риби?

Како да освоите, засакате и задржите личност родена во знакот Риби?

Што бараат Рибите од саканата личност?

Рибите ќе бидат потполно среќни единствено ако се чувствуваат како едно со саканата личност. На Рибите не им е доволно да делат кревет и кров со некого, тие сакаат со саканата личност да ја делат и душата.

Љубовта и духовноста за Рибите се иста работа, а нивниот дух е полн со мистичност и креативност. Рибите кои се големи сонувачи, животот го доживуваат како сон кој не престанува , па сакаат и нивната сакана личност да го живее тој сон заедно со нив.

Како Рибите покажуваат љубов?

Рибите се едни од најромантичните знаци во Зодијакот. Лесно искажуваат љубов и обожаваат да го разгалуваат партнерот со прекрасни романтични гестови од кои највеќе се гледа нивната восхитувачка креативност.

Рибите се склони да одлетуваат во светот на фантазијата и понекогаш можат да заглават во романтична илузија и да искажуваат чувства кои всушност и ги немаат. Затоа Рибите некогаш ги бие глас дека се склони да ги залажуваат другите луѓе и да им даваат лажни ветувања.

Како да го отворите срцето на Рибите?

Рибите ги следи вечна желба за тоа да пронајдат највисоко духовно и љубовно исполнување. Рибите не сакаат љубовта да им се сервира на послужавник, затоа што нив ги исполнува потрагата по вистинска љубов, како и чезнеењето по личноста којашто ја посакуваат, а ја немаат. Рибите не сакаат заведувањето и освојувањето да престанат.

Што ги пали Рибите?

Сексуалноста на Рибите е многу романтична и мистична. Тантричка јога, свеќи, романтична музика – тоа е она што Рибите го сакаат и им овозможува да се изгубат во блаженството на љубовта. Многу Риби во љубовта ги одбива се што е обично и банално. Рибите сакаат слаткото чувство на љубовта да продре во секој дел од нивното битие.

Со кои знакови најдобро се сложуваат Рибите?

Рибите во љубовта најдобро се сложуваат со знаковите кои ја разбираат нивната бескрајна чувствителност како што се: Вагите, Раковите и Девиците. Стабилноста на Јарецот и Бикот ќе им помогне на Рибите во миговите кога е потребно да слезат од облаците, да застанат на земја и да постигнат повеќе во животот. Близнаците со Рибите ја делат непресушната фантазија, но веројатно нема да им ги возвратат чувствата со ист интензитет, а тоа може да создаде проблеми во врската.

Како да комуницирате со Рибите?

Рибите во љубовните врски се водени од нивната фантазија, а комуникацијата со нив бара партнерот да може да го следи текот на нивните мисли. Нема поента да барате од Рибите трајно да се спуштат на земја – тие можат да поминат време во реалноста, но по некое време пак ќе си одлетаат во нивниот свет. Тие размислуваат во слики и ако сакате да го делите нивниот свет полн со бои и волшебни слики, тоа ќе го збогати и вашиот свет.

Кои се најскриените љубовни тајни на Рибите?

Најголемата љубовна тајна на Рибите е неописливата нежност во нивните срца. Ова особено важи за машките Риби. Заради својата чувствителност се склони кон физички и психички болести, а никој толку не го погодува скршеното срце како Рибите. Од сите знакови, Рибите имаат најнежно срце со кое треба да бидете внимателни.

Како да се поврзете со Рибите на умствено ниво?

Повеќе од било кој друг знак, Рибите мораат да почувствуваат поврзаност со саканата личност и на духовно ниво. Кога сакаат, тие се лишени од егото, а за да се поврзат со Рибите, саканата личност мора да го отвори целосно своето срце.

Што треба да избегнувате во љубовните врски со Рибите?

Рибите ќе бидат несреќни ако саканата личност им го пукне розевиот балон во кој живеат и ако им ја уништат илузијата. Партнерот можеби мисли дека со тоа им помага на тие сонувачи, но на тој начин Рибите само ќе го затворат своето срце и ќе станат ладни. Најдобро е ако на Рибата и го отворите прозорот од реалниот свет, наместо вратата, за да видат што е се возможно и да ги пуштите самите да си земат од реалноста онолку колку што им треба.

Како да ги задржите Рибите?

Рибите се склони кон пасивност и обично тие не се оние кои ја прекинуваат врската. Како секој типичен воден знак, тие се прилагодуваат на околината во којашто се наоѓаат. Рибите секогаш ќе бидат среќни кога ќе чувствуваат љубов и внимание и кога ќе видат колку ја усреќуваат саканата личност. Повеќе им е важна среќата на тие што ги сакаат, отколку сопствената среќа.

Коронавирус