недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Јарецот во големи љубовни тензии, Овенот среќен на сите полиња

Јарецот во големи љубовни тензии, Овенот среќен на сите полиња

ОВЕН

Среќата ве следи на сите полиња. Очекувајте на решавање на работните проблеми. Уживате во флертот со личност која ви се допаѓа, и чекате вистинска шанса да направите чекор кон неа. Одлично здравје.

БИК

Ве очекува прилика за нова работа која ќе ви одговара. Ќе бидете задоволни на ова поле. Можно е да ви се допаѓа личност која ќе покаже дека не е подготвена за сериозна врска. Добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Склопување на нов работен договор денеска може да ви биде значајно. Подготвени сте да се посветите на работата. Може да се потпрете на својот партнер. Имате доволно доверба во личноста која ви значи. Мали проблеми со хормоните.

РАК

Ќе докажете дека сте подготвени да напредувате. Може да очекувате дека среќата ќе биде на ваша страна денеска. Потрудете се околу тоа да на саканата личност и ги ставите до знаење своите искрени чувства. Внесувајте повеќе витамини.

ЛАВ

Пред вас е поволен ден во кој без големи компликации ќе ги одработите сите работни задачи. Ако планирате средба со личноста која ви се допаѓа, денешниот ден е поволен. Се чувствувате одлично.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Можно е наскоро да планирате воведување на некои промени. Ако сте се впуштиле во необврзувачка врска, полека доаѓате до одлука тој однос да го прекинете. Избегнувајте цигари и алкохол.

ВАГА

Може да очекувате поволен ден. На работното поле добивате поддршка која ви е потребна. Имате добар однос со вашиот партнер кој ви пружа поддршка и разбирање за се. Добро здравје.

ШКОРПИЈА

Иако сте загрижени, ќе успеете да најдете начин да ги решите компликациите кои ги имате. Нова љубов е пред вас. Подготвени сте да бидете малку поотворени кон личноста која ви значи. Пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е прилика да напредувате. Работното поле ви е многу добро поставено денеска. Ако сте слободни, добар е денот отворено да покажете интерес кон личноста која ви значи. Нема големи проблеми.

ЈАРЕЦ

Пред вас е напорен ден кога е во прашање работата. Нема да ви биде лесно да се организирате. Мали несогласувањa со партнерот ве носат до големи тензии и нервози во вашиот однос. Проблеми со варењето на храната.

ВОДОЛИЈА

Пред вас е период во кој ќе ги забележите вашите грешки на работното поле. Имате шанса некои работи да ги менувате. Саканата личност е подготвена да се посвети на вашиот однос. Ќе бидете задоволни поради тоа. Водете сметка околу забите.

РИБИ

Можно е да не ви е лесно да донесете конечни одлуки во врска со работата, но чувствувате дека е потребна промена. Наклонети сте на караници во односот со вашата саканата личност. Врската оди во непосакуван правец. Главоболка.

Коронавирус