четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Хороскоп

Јарецот не е расположен за компромис, Овенот полн со енергија

Јарецот не е расположен за компромис, Овенот полн со енергија

ОВЕН

Неопходно е да имате на ум да не го сфатите лично она што околината го зборува, за да избегнете потенцијални расправи и непријатни ситуации. Доколку сте слободни ќе бидете привлечни на спротивниот пол, дури и две лица ќе се заинтересираат за вас. Тие се нешто постари од вас, само ја набљудуваат ситуацијата. Полни сте со енергија.

БИК

Бидете внимателни во текот на редовните обврски посебно кога е во прашање рутинска работа, од лична сигурност, може да направите греѓка. Очекувајте стабилизација на полето љубов ако сте зафатени. Чувајте се од можни воспаленија.

БЛИЗНАЦИ

Можно е пролонгирање или враќање на некогашните позици, но тоа нема да ве демотивира, напротив, ќе ве стимулира да ја исправите грешката од минатото и да тргнете напред. Ако сте и натаму слободни, можно е некоја нова љубов, но овој пат тоа е поврзано со вашето поле на работа, а така најверојатно ќе бидете заинтересирани за некој од колегите. Минлива главоболка.

РАК

Притисокот на работа полека се намалува, и сега уживате во „плодовите“ на својата работа и труд. Иако сакате хармонија со партнерот, ќе бидете предизвикани па ќе реагирате, но препорака е сепак да се држите по страна и важни теми да оставите за некој друг период. Внатрешни немири.

ЛАВ

Вашата мотивација на многу завидно ниво, па можна е голема активација на работите кои ги одработувате. Следи заедничко вложување во стабилизација на финансиите. Причина се плановите за иднина, а партнерот е голема поддршка. Внимавајте на здравјето.

ДЕВИЦА

Некој од познаник или пријател ќе ви понуди помош, а вие добро размислете дали ќе ја прифатите. Преку социјалните мрежи, но и преку фамилијата ќе запознаете една интересна личност која ќе го привлече вашето внимание и ќе може да го промените својот емотивен статус. Ќе ви годи диета.

ВАГА

Што се однесува до финансиите, вложувате во своето знаење. Внимавајте на комуникацијата со соработниците, затоа што може да се појави некој лажго. Една љубовна средба која се случила во текот на минатиот месец, може да прерасне во сериозна емотивна врска. Денеска сте посебно чувсвителни.

ШКОРПИЈА

Ве загрижува финансиската ситуација, поради тоа што ќе ви се случуваат изненадувачки трошоци, но во прашање се обврски кои долго чекаат на подмирување. Внесувајте магнезиум повеќе.

СТРЕЛЕЦ

Постигнувате добри резултати кога е работата во прашање и ќе бидете во добар однос со соработниците, колегите и надредените. Обрнете внимание на комнуникацијата со саканата личност и немојте да паѓате на предизвици, затоа што е можно да влегувате во бесконечни расправии. Несоница.

ЈАРЕЦ

Нема да бидете расположени за компромис што на некои припадници на вашиот знак ќе предизвикаат караница со околината. На повидок е нова романса. Можни се повреди и замор.

ВОДОЛИЈА

Ќе бидете задоволни со својот статус и друштво, што гледате како резултат на своето залагање. На емотивното поле доаѓа до проблеми. Двете страни ќе завземате свој став и без можност за компромис. Ќе ви годи масажа.

РИБИ

Голем дел од припадниците на вашиот знак доста ќе вложуваат во образованието, без разлика дали е во прашање школа или курс. Ако сте слободни, на многумина љубовта ќе им затропа на вратата. Многу веројатно е запознавање на нова личност преку семејството. Ќе ви годи прошетка.

Коронавирус