сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 27
home Хороскоп

Јарецот има можност за подобрување на финансиите, Бикот задоволен во љубовта

Јарецот има можност за подобрување на финансиите, Бикот задоволен во љубовта

ОВЕН

Пред вас е поволен ден за почнување на нова работа. Вашите идеји доаѓаат до добри резултати. Очекувајте интересна комуникација со личноста која ви се допаѓа. Поспани сте и ви треба повеќе сон.

БИК

Одлична соработка и добра комуникација со работното опкружување, ја пренесува вашата мотивација на повисоко ниво. Добивате многу љубов од вашиот партнер и задоволни сте. Очекувајте добар однос. Немате проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Очекувајте дека на ова поле ќе имате некои пресврти. Плановите сега значајно ви се менуваат. Може да сакате заедница или брак со вашиот партнер. Подготвени сте за сериозни одлуки. Внимавајте на забите.

РАК

Среќата ве следи денеска, па на работното поле може да ги остварите своите замисли. Имате шанса за напредок. Имате шанса да бирате. Кога е во прашање љубовта, имате повеќе додворувачи. Проблеми со циркулација.

ЛАВ

Очекувајте поволен период за наоѓате на нова работа. Може да ви се посреќи на ова поле. Во бракот ве очекуваат мали пречки со саканата личност. Потребно е трпение. Проблеми со грбот.

ДЕВИЦА

Ве очекува шанса да се впуштите во соработка која на долги патеки би можела да ви донесе успех. Врската со саканата личност би можела да ви тргне во подобар правец ако се потрудите. Проблеми со вените.

ВАГА

Пробувате да остварите промени, но засега не ви е нималку лесно да реализирате се што сте сакале. Можно е да не ви е нималку лесно кон саканата личност да бидете сосема отворени. Имате некои големи кочници. Ве следи исцрпеност.

ШКОРПИЈА

Може да се потпрете на своите соработници кои ќе покажат дека се подготвени да ви помогнат околу работата. Ако сте слободни, може да очекувате поволен период за нови љубовни случувања со симпатијата. Наклонетост кон алергии.

СТРЕЛЕЦ

Добро размислете за своите идни работи. Сега е поволен период да тргнете кон сериозно планирање. Нема да успеете да ја одржите врската со личноста која засега на некој начин не е искрена кон вас. Вежбајте.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат позитивни промени кога е во прашање работата. Ќе имате прилика и за остварување на подобрување на финансиите. Период кој ве очекува е поволен за смирување со партнерот. Ќе ви годи одмор.

ВОДОЛИЈА

Денеска нема да имате претерано големи обврски на работа. Може малку да се опуштите и да се одморите од се. Ви се допаѓа личност која покажува дека е затворена и дека не можете лесно да ја освоите. Не земaјте лекови на своја рака.

РИБИ

Поволен ден за работна комуникација и за решавање на некои проблеми. Доаѓа време со саканата личност сосема искрено да позборувате околу желбите кои ги имате во иднина. Потребен ви е внатрешен мир.

Коронавирус