вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 192
home Хороскоп

Јарецот да не реагира во афект, Вагата да вложи повеќе енергија

Јарецот да не реагира во афект, Вагата да вложи повеќе енергија

ОВЕН

Можно е да не сте задоволни од својата работа. Ви доаѓа период во кој ќе трагате за нови прилики за промени на ова поле. Новата личност која ви се појавила покажува необично однесување. Внимавајте на очите.

БИК

Се оди и подобро од што сте се надевале. На работното поле ви доаѓа многу поволен период. Време е да се соочите со проблемите во вашиот емотивен однос. Посветете се на искрен разговор. Проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Потребно ви е време да ги остварите своите работни цели. Прифатете го фактот дека не може се да се промени преку ноќ. Ако сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате интересен флерт со нова личност. Внимавајте на синуси.

РАК

Максимално сте фокусирани на својата работа и важно ви е да ги остварите сите цели кои сте ги зацртале. Ако ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку работа, можна е нова врска со неа. Водете сметка околу штитната жлезда.

ЛАВ

Прекин на соработката на работното поле може да дојде изненадувачки. Атмосферата се менува. Вашиот однос со саканата личност не е онаков каков што бил порано, и тоа делува збунувачки. Проблеми со простатата.

ДЕВИЦА

Нема да бидете оптоварени со проблемите, поволен ви е перидов и сте успеале да решите се што ве мачи. Ново љубовно познанство ве очекува во опкружувањето во кое не сте барале љубов. Проблеми со крвната слика се можни.

ВАГА

Падот на концентрација лошо влијае на вас. Ви доаѓа период кој ви носи проблеми на полето работа. Проблемите во вашиот брак нема да се решат сами од себе. Потребно е да вложите малку повеќе енергија. Проверувајте го крвниот притисок.

ШКОРПИЈА

Работната стабилност ви е разнишана и поради тоа не сте задоволни. Пред вас е неповолен период. Ако сте слободни, може да очекувате љубовна врска која ќе ви донесе големи и силни чувства. Проблеми со бешика.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен денот за работа. Можно е да ви биде тешко да се сконцентрирате на обврските кои се пред вас. Комуникацијата со саканата личност ви е нејасна. Избегнувајте цигари.

ЈАРЕЦ

Немојте да реагирате во афект. Денеска сте наклонети кон одлуки за кои подоцна може да се каете. Би можела да се појави личност која лажно се претставува на љубовен план. Можни проблеми со штитната жлезда.

ВОДОЛИЈА

Можно е денеска да направите грешки кои подоцна ќе ве прогонуваат. Партнерот се обидува да оствари длабока комуникација со вас, но вие некако не сте заинтересирани. Проблеми со главата.

РИБИ

Делувате со недоверба во работното опкружување. Заборавате и често грешите. Некои работи ќе мора да ги корегирате. Емотивно сте незадоволни и следниот период може да ви донесе одлука за раскин. Проблеми со циркулација.

Локални избори 2021