сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Хороскоп

Јарецот да бара зголемување на платата, Близнаците ќе добијат пари

Јарецот да бара зголемување на платата, Близнаците ќе добијат пари

ОВЕН

Доколку сте заинтересирани за подобрување на финансиите, во смисла на добивање на кредит или пари од спонзори, најдобро е да го користите денов за преговори и аплицирање. Тајна врска е актуелна и максимално сте и посветени. Добро се чувствувате.

БИК

Прилично сте прагматични и точно знаете кои ви се целите. Своите планови ги реализирате без никаков проблем. Во контакт сте со личност со која неодамна сте ја запознале. Не споменувате врска, иако за тоа размислувате. Солидно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Фокусот е на парите. Ве очекува прилив на средства што многу ви значи, така што се опуштате. Посветени сте на тајна врска. Не размислувате за иднината, сакате само да уживате во врската. Стабилно здравје.

РАК

Комуникацијата не ви е силна страна. На работен состанок постигнувате успех благодарение на упорноста, добрата приказна и изнесување на фактите. Сакате дете. Сакате партнерот прв да спомене такво нешто. Добро се чувствувате.

ЛАВ

Ве очекуваат проблеми врзани за закон и поради тоа прво ќе бидете нервозни, а подоцна и загрижени. Презадоволни сте од врската. Му нудите на партнерот да ја официјализирате врската. Болки во грбот. Би било добро дизички да сте активни.

ДЕВИЦА

И покрај трудот, евидентно е дека некои работи не успевате да ги подобрите. Проблемот е што сте останале без нови идеи. Брачниот партнер ви се посветува, но вам работата ви е поважна од него. Проблеми со циркулација.

ВАГА

Вам работата ви претставува задоволство. Сметате дека на тој начин го искажувате својот потенцијал и креативност. Не сте задоволни од врската и имате впечаток дека партнерот ве гуши. Солидно здравје.

ШКОРПИЈА

Ве очекуваат нови работни задачи кои вклучуваат соработка со странците. Изненадени сте затоа што соработката тече без никакви проблеми. Задоволни сте од ова поле, и имате впечаток дека врската вечно ќе трае. Одлично здравје.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува вобичаен работен ден без никакви тешкотии. Сите обврски ги доживувате како рутина. Задоволни сте од врската, размислувате за брак. И натаму не сте подготвени тоа да му го понудите на партнерот. Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Финансиите ви се многу важни. Ова е одличен ден за барање на зголемување на платата. Во случај на преговори со странци, финансиите се составен дел од разговорот. Емотивно сте задоволни и гледате што повеќе да бидете со саканата личност. Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

Во целост сте концентрирани и фокусирани на работните обврски. Задоволни сте затоа што се е под контрола и тече според планот. Ве очекува средба со симпатијата, иако не сте подготвени да почнете врска. Солидно здравје.

РИБИ

Ве очекува состанок за кој одлично сте подготвени. Сте добиле информации од доверба кои ги користите за постигнување на целите. Имате силна потреба за блискост со партнерот. Солидно здравје.

Коронавирус