четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Хороскоп

Ја нарекуваат “мудар филозоф“ – жената во еден хороскопски знак со причина има многу пријатели

Ја нарекуваат “мудар филозоф“ – жената во еден хороскопски знак со причина има многу пријатели

Позитивна, насмеана, полна со живот, ведра, забавна, сигурна во себе – сето ова ја опишува жената Стрелец. Ја нарекуваат „мудар филозоф“ бидејќи е љубопитна и е во потрага по нови сознанија и откритија.

Обожава да води долги разговори и да расправа на сите теми, од политика и религија до секс – таа е слободоумна и за неа не постои табу тема. Искрена е, независна и отворена за нови искуства, па затоа има и многу пријатели.

Ја фасцинираат многу работи, особено од областа на етиката и филозофијата. Мрази ограничувања и рутина – жената Стрелец е флексибилна и го менува распоредот како што нејзе ѝ одговара. Нејзините најголеми маани се нечувствителност и површност.

Ако сакате да се ослободите од предрасудите, тогаш ви треба пријателка родена во знакот на Стрелец која ќе ви помогне да го постигнете тоа. Таа е мајстор за водење интелектуални и поучни разговори, но е и најголемиот шегаџија во друштвото.

ЕУРО 2020

Македонија