четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 12
home Хороскоп

Хороскопските знаци откриваат зошто сте му привлечни на спротивниот пол

Хороскопските знаци откриваат зошто сте му привлечни на спротивниот пол

Изненадени сте? Немојте да бидете. Ќе забележите дека ве привлекуваат одредени особини на некои знаци од зодијакот. Во продолжение дознајте зошто сте му привлечни на спротивниот пол врз основа на вашиот хороскопски знак…

Овен
Овните се екстровертни, шармантни и романтични. Тие опиваат со нивното друштво. Повеќето жени родени во овој знак имаат необјаснив мирис што ги прави многу привлечни.

Бик
Ако ги повредите нивните сакани или зборувате лошо за нив, подгответе се за нивните рогови. Биковите се многу заштитнички настроени и сакаат да им угодуваат на партнерот. Токму тука лежи нивната огромна привлечност.

Близнаци
Шармантните Близнаци се како магнети. Со оглед на тоа што тие се одлични говорници, имаат пријатен глас и изглед, Близнаците го имаат сето потребно оружје за да ве остават без здив.

Рак
Раковите се слатки, романтични души, но и многу непредвидливи. Во еден момент планираат да направат нешто, а во следниот прават нешто сосема друго. Ќе ве остават да испиете вино, да вечерате и да се опуштите, а кога најмалку ќе очекувате, ќе ве изненадат со нешто многу секси. Ако тоа не е привлечно, не знаеме што е!

Лав
Лавовите се екстровертни и разиграни. Ќе ве заведуваат со музика, гитара и нивните вокални способности. Тие исто така знаат да раскажуваат смешни вицови кои ќе ве смеат до солзи. Пред да бидете свесни за тоа, ќе се вљубите во Лавот и во неговиот кревет. Да, Лавовите обожаваат да водат љубов на удобни кревети.

Девица
Ако постои некој кој може да заврши комплицирана задача без да се фали, тоа е Девицата. Нивната привлечност лежи во фактот што стојат цврсто на земја. Никој не смее ни да им упати лош поглед на нивните сакани. Нивниот заштитнички став е многу привлечен.

Вага
Урамнотежените Ваги се промислени и убави. Тие можат да ве ослободат од сите ваши сомнежи со нивните единствени перспективи. Ако ве привлекува жена која зрачи со нејзината насмевка и може да ви го осветли светот со нејзините зборови, бидете уверени дека се работи за Вага.

Скорпија
Скорпијата важи за најпривлечниот знак во зодијакот. Тие не само што се физички привлечни со својот интензивен поглед и секси раце, нивниот вроден страстен интензитет во сè што прават предизвикува луѓето да гравитираат кон нив. Тие исто така се и многу мистериозни и не ги откриваат сите свои адути. Сета таа мистерија ги прави многу привлечни.

Стрелец
Прекрасните Стрелци имаат авантуристички дух. Тие се и неверојатни емпати. Нивната емпатична природа и љубов кон дивината е многу привлечна комбинација. Партнерот може да ги одведе на импровизиран одмор на остров без никакви известување, а од друга страна, може и да плаче на нивното рамо и да разговара со нив без никакво осудување. Овие два екстрема ги прави многу привлечни, а помага и нивниот фантастичен изглед.

Јарец
Јарецот е дисциплиниран што и да прави. Нивната дисциплина им помага да бидат многу трпеливи. Ако можете да ја прифатите таа трпеливост, ќе имате партнер за цел живот.

Водолија
Водолиите се интелектуалци. Тие имаат слободен дух и тешко е човек да ги разбере, но знаат да управуваат со зборовите, а тоа знаење произлегува од разните искуства што ги доживеале во животот. Нивните зборови се полни со мудрост, а мудроста секогаш е многу привлечна.

Риби
Рибите се сочувствителни и интелигентни. Ако тоа не е доволно за да ве привлечат, додајте ги на листата и нивните прекрасни очи. Жените родени во овој знак ќе ве освојат со нивните прекрасни очи.