вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 54
home Хороскоп

Хороскопски знаци од кои нема да слушнете „те сакам“

Хороскопски знаци од кои нема да слушнете „те сакам“

На прв изглед изгледаат надмено и горделиво. Меѓутоа, изгледот лаже, а таков е случајот и со овие хороскопски знаци. Иако ретко изговараат „те сакам“, не значи дека не го чувствуваат тоа. Едноставно, тешко им е да го изговорат тоа.

Јарец

Ладни и арогантни- ова се првите карактеристики со кои би ги опишале припадниците на овој хороскопски знак.

Иако изгледаат како да не знаат што е тоа романтика, кога ќе останат со саканата личност, ситуацијата се менува.

Со гестови и подароци ќе ви покажат дека ве сакаат, но ќе им треба време додека изговорат „те сакам“.

Доколку сте во врска со Јарец, подгответе челични живци.

Лав

И по многу години поминати во љубовната врска, Лавовите тешко ја покажуваат нивната романтична и ранлива страна.

Тие сакаат да покажат авторитет и да изгледаат како силни личности, па затоа ретко ги покажуваат емоциите.

Лавот за вас е подготвен на сè, но ќе почекате додека да ви изјави љубов.

Извор: kajgana.com