петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 159
home Хороскоп

Хороскопски знаци кои остануваат пријатели со поранешните партнери

Хороскопски знаци кои остануваат пријатели со поранешните партнери

Тие никогаш нема да се помират со фактот дека е готово. Дури и откако ќе помине определен период, имаат надеж дека ќе се смират со поранешниот партнер. Доколку не успеат да ја обноват врската, тие ќе прифатат да останат пријатели.

Овие три хороскопски знаци остануваат пријатели со поранешните парнери.

Рак

Тешко дека ќе најдете личност родена во знакот Рак која не е опседната со својата поранешна љубов. Тие не сакаат да губат личности од нивниот живот, без разлика дали се во среќна или несреќна врска. Затоа, иако ќе раскинат со партнерот, се обидуваат да направат сè за да останат во контакт со него.

Риби

Рибите живеат во својот нереален свет во кој ги идеализираат работите кои одамна требало да ги заборават. Тие се во состојба да ја обноват врската која одамна е осудена на пропаст или остануваат пријатели со таа личност за да ја контролираат.

Вага

Вагите се опседнати со нивните поранешни партнери. Тие постојано ги прашуваат своите пријатели за поранешниот партнер.

По некое време, и самите се одлучуваат да му се јават или да му испратат СМС порака за да останат пријатели.