петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 18
home Хороскоп

Хороскопски знаци кои нема да ве остават на мир по раскинувањето

Хороскопски знаци кои нема да ве остават на мир по раскинувањето

Тие никогаш не можат целосно да го прифатат фактот дека е готово.

РАК

Тешко е да се најде личност родена во знакот на Рак која не е опседната со својата поранешна љубов. Тоа обично нема врска со фактот дали се среќни или не во моменталната врска, тие едноставно не сакаат да губат личности од својот живот. Токму поради тоа се склони да ги заборават причините за раскинувањето, па се обидуваат да го обноват односот со поранешниот партнер.

РИБИ

Рибите често живеат во својот нереален свет во кој ги идеализираат работите кои би требало да ги заборават. Најчесто им се случува неколку пати да обновуваат пропадната врска и на крај да се откажат. Но, сепак остануваат пријатели со личноста за да може барем на некој начин да ја контролираат.

ВАГА

Вагите се опседнати со нивните поранешни партнери. Тие се едни од личностите кои постојано ги испрашуваат пријателите да ги проверат друштвените мрежи на поранешните партнери. По некое време и самите одлучуваат да го контактираат екс партнерот и брзо потоа да развијат пријателство.