понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Хороскопски знаци кои не знаат што значи враќање на бившите

Хороскопски знаци кои не знаат што значи враќање на бившите

Ако сакате да ја обновите врската со поранешен партнер или партнерка, убаво размислете ако е роден/а во еден од овие хороскопски знаци.

Дел од нив можеби ќе ве пофалат за храброста да си ја голтнете гордоста и да ги побарате назад, ама тие нема да го направат истото.

Цврстиот карактер, челичната волја, но и огромната гордост им помагаат на припадниците на овие хороскопски знаци да не се вртат назад и да не обновуваат врски за кои решиле дека се завршени.

Тука голема улога игра и фактот дека тие ретко раскинуваат пред да ги пробаат сите начини да ја одржат врската, така што ваквите одлуки не ги носат избрзано и импулсивно.

ЛАВ

По раскинувањето, Лавовите обично се однесуваат како ништо да не се случило. Ќе бидат силни и одлучни, но исто така галантно и фино ќе ве откачат ако соберете храброст да ги побарате. Лавовите речиси никогаш не ги преиначуваат своите одлуки – делумно од гордост, но главно бидејќи темелно размислувале пред да ги донесат.

ШКОРПИЈА

Ако еднаш повредите Шкорпија, таа ќе ве повреди два пати повеќе. Затоа, не се обидувајте да ѝ се доближите или да ги обновувате контактите после раскинување. Искрено, нема да успеете и да сакате – целосно ќе ве игнорира.

СТРЕЛЕЦ

Раскинувањата за Стрелците значат нов почеток. Важат за личности кои никогаш не се навраќаат на минатото и со елан го живеат животот. Ако раскинете со Стрелец не очекувајте дека ќе ја обновите врската и не бидете изненадени ако за кратко време го видите во нова врска.

ЈАРЕЦ

Иако по раскинувањето патат повеќе од другите, тоа нема да го покажат. Јарецот никогаш нема да прости неверство, ниту некоја друга ситуација во која сте го повредиле. Јарците одлуките ги носат трезвено и по многу размислување, така што речиси и нема простор за помирување по раскинувањето. Ако случајно ви се врати, Јарецот го направил тоа исклучиво за да ви се одмазди.

 

извор: kajgana.com

Коронавирус