четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 158
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Хороскоп

Хороскопски знаци кои не ја сакаат новогодишната еуфорија

Хороскопски знаци кои не ја сакаат новогодишната еуфорија

Повеќето луѓе уживаат во новогодишната еуфорија и божикните празници, а некои луѓе по секоја цена би сакале да ги избегнат.

Ако погледнеме што ни кажуваат астролозите, и хороскопските знаци се некаков показател за тоа дали си имате работа со класичен Гринч.

Овен
Бидејќи Овенот сака да работи, празниците се пречка за него затоа што тогаш е принуден да земе слободни денови. Тој повеќе би сакал да ги искористи празниците правејќи нешто отколку да седи дома или да пече колачи. Ова може да го направи многу напнат кога е во друштво бидејќи, иако сите со нетрпение го очекуваат славјето, тој на сите им става јасно на знаење дека едвај чека да помине сезоната на празници.

Девица
Девиците се премногу критични кон себе и кон другите. Наместо да бидат возбудени за давањето и примањето подароци, тие постојано се грижат дали нивните подароци ќе бидат доволно добри. Исто така, тие сакаат да внимаваат на исхраната, па не можат да поднесат да ги гледаат членовите на нивното семејство како се прејадуваат за време на празниците. Нова година и Божик им создаваат премногу стрес, па повеќе би сакале да ги преспијат.

Вага
Празниците значат премногу бучава, што е неподносливо за Вагите. Бидејќи тие се стремат кон мир и хармонија во секојдневниот живот, тие не се чувствуваат добро кога премногу луѓе се заедно и затоа не ја сакаат новогодишната еуфорија.

Скорпија
Скорпиите ја мразат таинственоста, а во сезоната на празници често се случува да испливаат долго чувани семејни тајни. Кога тоа ќе се случи, Скорпиите можат да направат вистинска сцена и да им ја уништат празничната атмосфера на сите. Понекогаш дури одат дотаму што одбиваат да разговараат со членовите на семејството и се постојано за нешто налутени.

Водолија
Водолијата навистина ужива да биде сама. Повеќе би сакала да го поминува времето правејќи работи што ги сака отколку во друштво на семејството и роднините. Кога ќе дојде сезоната на празници, Водолијата ќе најде секаков изговор за да не мора да дојде на семејниот ручек или на канцелариската новогодишна забава.

Коронавирус